Виолета Танчева-Златева

Виолета Танчева-Златева (Бориево, 25 април 1968) — македонска поетеса, раскажувачка, лекторка.

Виолета Танчева-Златева
Роден/а25 април 1968
Бориево, Струмичко
Занимањеписател
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошки факултет
Апсолвент наУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
Период1992-денес
Предметпоезија
Книжевно движењесовремена македонска книжевност

Животопис уреди

Виолета Танчева-Златева е родена на 25 април 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Основното образование го завршила во родното место и во соседното с. Турново, а средното образование во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Во 1991 година дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност со македонски јазик.[1] Од 1994 до 2013 година работела во ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, во почетокот како уредник на списанијата „Допри ме нежно“ и „World Press ИЗБОР“, подоцна како главен и одговорен уредник на издавачката дејност, одговорен уредник и лектор. Од октомври 2013 година работи како лекторка во Издавачки центар ТРИ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Член е на Редакцијата на списанието за книжевност и култура АКТ, на списанието „Стожер“, гласило на Друштвото на писатели на Македонија, како и на Здружението на лекторите на РМ.

Библиографија уреди

  • Книга за сонот, Прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“,Охрид, 1992;
  • Враќања, роман, „Македонска книга“,Скопје, 1993;
  • Враќајќи се во Бориево, раскази, НИП „Ѓурѓа“, Скопје, 1999;
  • Мојот Пикасо/My Picasso, поезија со напореден англиски препев на Наташа Папазовска Левкова, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2007;
  • Мој Пикасо/Мојот Пикасо, двојазично издание, препев на босански Сеида Бегановиќ, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008;
  • Шарени писма, роман за деца во писма, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2008[2];
  • Заробеници на молкот, поезија, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2010[3];
  • Огнена, поезија, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2011[4];
  • Нашата приказна, поезија, „Улис“, Скопје, 2013;
  • Година без лето, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2015;
  • A Summerless Year, Struga Poetry Evenings, Струга, 2016; превод од македонски од страна на Бела Глигорова;
  • Патот, поезија, „Паблишер“, Скопје, 2018;
  • На работ на светот, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2021[5];
  • Капе времето, поезија, Паблишер, Скопје, 2021[6];
  • Раскази од минатиот век, збирка раскази, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2022[7];
  • Глуво време, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2023[8];
  • Бела Сама, роман, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2023.

Награди уреди

Добитник е на четири награди (две втори и две трети) на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години; прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ за „Книга за сонот“, 1992; наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата, во 2015 година, за стихозбирката „Година без лето“. За книгата „Патот“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга објавена во 2018 година. Во 2022 година за поетскиот ракопис „Глуво време“ ја доби наградата „Антев златник“ на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“. Застапена е во повеќе прозни и поетски антологии, во Македонија, Србија, Словенија и Бугарија.

Наводи уреди

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 94.
  2. http://makedonija.rastko.net/delo/14571
  3. http://makedonija.rastko.net/delo/14569
  4. http://makedonija.rastko.net/delo/14570
  5. „На работ на светот“. shop.kniga.mk. Посетено на 2023-12-12.
  6. „Капе времето“. shop.kniga.mk. Посетено на 2023-12-12.
  7. Умно.мк, од (2022-12-12). „Промоција на „Раскази од минатиот век" од Виолета Танчева-Златева - УМНО.МК“. Посетено на 2023-12-12.
  8. elemental (2023-04-04). „Промоција на книгата „Глуво време" од Виолета Танчева – Златева“. Elemental (англиски). Посетено на 2023-12-12.