Виолета Панзова

македонска универзитетска професорка

Виолета Панзова (моминско: Ванчова; 2 јули 1948 - 8 април 2020) — македонски филозоф и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Виолета Панзова
Родена Виолета Ванчова
2 јули 1948
Свети Николе, Македонија
Починала Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање филозоф, универзитетска професорка
Родители Ванчо Зафиров
Роднини Панзо Зафиров (дедо)

Животопис уреди

Панзова е родена во Свети Николе. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1981), каде што и докторилала (1989). Како студент била ангажирана за демонстратор по Логика на Групата за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во редовен работен однос на факултетот е од 1971 година (стажант - асистент), редовен професор (од 2000 г.) за логичката група предмети. Била раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет (1995 - 1999). Објавила над сто стручни и научни трудови во домашни и странски публикации од областа на логиката, епистемологијата и филозофијата на јазикот. По овие дисциплини изведувала настава на додипломските и постдипломските студии на голем број високообразовни институции во Македонија.

Била раководител на повеќе научноистражувачки проекти, меѓу кои: „Логичка анализа и формализација на македонскиот литературен јазик“ (1992 - 1995), „Македонска логичка терминолоија“ (2000 - 2003) и други. Со својата оригинална концепција за логиката како општа теорија на рационалноста, кохерентно ги обединува различните, па дури и спротивставени значења на поимот логика. Потесен научен интерес и е примената на современата логика во анализата и дигитализацијата на природните јазици, со посебен акцент врз македонскиот јазик, за што разви нова логичка апаратура.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Панов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1113. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди