Вик Ретлхед е официјалната маскота на треш метал бендот Мегадет. Негова животно мото е „Не гледај зло, не слушај зло, не зборувај зло“. Неговите уши се прекриени со метална заштита, на очите има непробојни очила, а устата му е сошиена со железни конци. Се појавува на првите четири албуми на групата (1985-1991). По комерцијалниот пробив на Мегадет, Вик исчезнал од сите нивни музички изданија. Но, кога Мегадет решиле да им се вратат на своите треш корени, Ретлхед го направил својот кам-бек на омотот од The World Needs A Hero. На единаесеттиот албум United Abominations се покажува во својата човечка форма, додека пак на Endgame не е на омотот, туку во разгледницата за албумот. На Thirteen е свртен со грбот наназад, а се појавува и во видео записот за песната „The Right To Go Insane“.[1]

Вик Ретлхед
Првото појавување на еден албум
Прво појавувањеKilling Is My Business... and Business Is Good! (1985)
Последно појавувањеThirteen (2011)
СоздавачДејв Мастејн
Мегадет
Информации
ПрекарСеач на смртта
Видкостур
Полмашки
Занимањемаскота на Мегадет
РодниниEddie the Head и Snaggletooth
Националностамериканец

Создавање уреди

Мистеријата околу настанувањето на Вик Ретлхед се појаснува во третата песна „The Skull Beneath the Skin“ од деби албумот на Мегадет. Таму се раскажува како тоа од Мегадет заробиле еден човек и го однеле во напуштено складиште за хируршки зафат. Се вели дека без анестезија му ги отсекле рацете, му извршиле операција на мозокот и му ги покриле со метална обвивка очите, ушите и устата, како не би гледал, слушал ниту зборувал зли работи. Притоа му ја извадиле сета кожа додека тој врескал од неподнослива болка, но залудно, бидејќи никој не ги слушнал неговите крици. Со тоа му ја уништиле вербата во човештвото и го отелотвориле демонот во него. Во наредната песна „Rattlehead“ од истиот албум, се зборува за неговите карактерни особини, за тоа како Мегадет со негова помош би станале најдобриот хеви метал бенд во светот.

Во реалноста, Мастејн е тој којшто го создал ликот на Вик Ретлхед. Исто така им дал и негов цртеж на луѓето од Комбат, како тие би го ставиле за омот на првиот албум. Но бидејќи го загубиле оригиналниот портрет, од менаџментот на Комбат Рекордс биле приморани да експериментираат, па така една видоизменета верзија ќе биде насловна на Killing Is My Business... and Business Is Good!. Од Мегадет ќе бидат разочарани поради оваа постапка, па затоа на преработената верзија на албумот од 2004 г. Вик ќе се појави во својот првично замислен изглед. Инаку, неговото име Вик е кратенка од зборот жртва (англиски: victim), додека Ретлхед значи ритмично удирање со глава (англиски: to rattle your head).

На кои албуми се појавува уреди

Освен на омотот од првиот диск, Вик е во главна улога и на вториот проект Peace Sells... But Who's Buying?. Таму е претставен како ја нуди актовката на мирот за продажба, додека воени авиони ги бомбардираат зградите на ООН. На третиот албум Ретхед е прикажан во едно поинакво издание, облечен во воена униформа како пука од огнено оружје. Познатиот илустратор Ед Репка ја добил задачата да го исцрта омотот на Rust in Peace. На четвртиот албум Вик Ретлхед се наоѓа во Хангар 18, во друштво на петте најмоќни политички водачи од тоа време. Светските водачи, од лево кон десно се: Џон Мејџор (британски премиер), Тошику Каифу (јапонски премиер), Рихард фон Вајцзекер (претседател на Германија), Михаил Горбачов (советски претседател) и Џорџ Буш постариот (претседател на САД). Тие му даваат поддршка на Вик Ретлхед да ја лансира јадрената бомба и да го разнесе светот.

Почнувајќи од Countdown to Extinction, па на наредните четири албуми, Ретлхед ќе отсуствува од насловните сликички, но по одлуката на Мегадет да се вратат на старите треш корени, Вик ќе го најави неговото големо враќање. Интересен и е неговиот приказ на The System Has Failed, каде сите највлијателни американски политичари, предводени од Џорџ Буш, чекаат на ред за да си ги откупат сторените гравови. На следниот албум, тој се појавува во неговата човечка форма, додека повторно отсуствува на дванаесеттиот студиски проект Endgame. На тринаесеттиот албум е нацртан со свртен грб кон гледачите.

Конкурс за редизајн уреди

 
Омотот на United Abominations

На 29 јануари 2006 г. „Deviant Art“ објави конкурс за редизајн на маскотата на Мегадет. Текстот на огласот гласеше:

После две декади постоење, на маскотата на хеви метал бендот Мегадет, Вик Ретлхед му треба мало освежување, па од групата оваа комплицирана задача им ја доверивме на луѓето од „Deviant Art“!! Ги повикуваме сите заинтересирани страни да учествуваат на овој натпревар, бидејќи не само што ќе имаат можност нивната слика да се најде на насловната на следниот албум на Мегадет, туку ќе имаат и шанса да ја освојат најголемата награда што некогаш сме ја доделиле!

Наградите за првите три места беа различни модели на ЕСП електричните гитари. Конкурсот завршил на 14 февруари истата година, а резултатите биле откриени на 15 март, на официјалното мрежно место на „Deviant Art“. Дејв Мастејн беше оној кој ги рангираше пријавените слики и тој којшто одлучи која илустрација ќе се најде на обвивката на United Abominations.

Интересно, сликата која е омот на United Abominations не е победничката, туку онаа која најмногу му се допаднала на Мастејн. На неа е нацртан Вик Ретлхед, како е одведен од ангелот на животот додека градот гори во пламени јазици. На задната страна од ЦД-то се гледа Вик како се капе во изворот на младоста и си го повраќа својот човечки облик. Со еден допир на добрата самовила ќе биде вдахнат со живот. Останатите пријавени слики кои се рангирани како едни од подобрите ќе се најдат во мини-книгата на албумот. Како што ќе изјави и самиот фронтмен на бендот во една прилика, United Abominations претставува албум од обожавателите за обожавателите на Мегадет.

Артисти уреди

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди