Виктор Ефремовски

Виктор Ефремовски (роден на 21 октомври 1998 во Гостивар) — македонски кошаркар кој настапува за кошаркарскиот клуб Гостивар.

Виктор Ефремовски
Прекар(и)Викса
Позицијабек
Висина1,94 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубРаботнички
Број25
Роден21 октомври 1998(1998-10-21)(25 г.)
Гостивар, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2015–
Клубови
2015–Работнички
Репрезентација
Инфо од: 08.02.2018.

Клупска кариера уреди

Младинска кариера уреди

Има настапувано во младинските категории на Вардар. Во сезоната 2013/14 настапувал во дресот на Вардар Апаве бидејќи младинските категории на Апаве и Вардар се фузирале.[1] Следната сезона продолжил во самостојните младински категории на Вардар.[2]

Професионална кариера уреди

Во сезоната 2015/16, Ефремовски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[3] Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[4] Во Работнички, Ефремовски продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[5] Во таа сезона, Ефремовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. Со Работнички, Ефремовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Бидејќи бил под активен договор, Ефремовски бил во составот на Работнички во сезоната 2019/20.[6] Тој останал да биде играч на Работнички и во сезоната 2020/21.[7]

Репрезентативна кариера уреди

Младинска репрезентација уреди

На Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2014 година, Ефремовски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 16 бода, 3,3 скокови и 1,4 асистенции.[8] На Европското првенство под 18 години - Б Дивизија во 2015 година, Виктор учествувал со македонската репрезентација под 18 години. Неговиот просек бил 6,9 бода, 1,8 скокови и 0,5 асистенции.[8] 2016 година, играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија со репрезентацијата под 20 години. Просек имал од 10,6 бода, 2,1 скокови и 1,1 асистенции.[8] Истата година, Бојан настапил на Европското првенство под 18 години - Б Дивизија. Тогаш тој имал просек од 9 бода, 2,6 скокови, 1,3 асистенции.[8]

А репрезентација уреди

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ефремовски.[9] Во февруари, по вториот филтер, тој отпаднал од составот.[10] Но поради повредата на Ненад Димитријевиќ кој се повредил на првиот натпревар против Естонија, Ефремовски добил можност да настапува за репрезентацијата во натпреварот против Русија.[11]

Успеси уреди

Титули уреди

  Работнички уреди

Признанија уреди

  • Почесно споменување во сезоната 2015/16[12]
  • Најдобар млад кошаркар за 2018 година[13][14]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[15]

Наводи уреди

  1. „Вардар Апаве М-16 : Фени Индустри М-16“. fibalivestats.com. 1 јуни 2014. Посетено на 8 февруари 2018.[мртва врска]
  2. „Вардар М-20 : МЗТ Аеродром М-20“. fibalivestats.com. 15 јуни 2015. Посетено на 8 февруари 2018.[мртва врска]
  3. „KK Rabotnicki - roster 2015-16“. eurobasket.com. Посетено на 8 февруари 2018.
  4. „KK Rabotnicki - roster 2016-17“. eurobasket.com. Посетено на 8 февруари 2018.
  5. „Американец во „Градски парк": Гинјард потпиша за Работнички“. ekipa.mk. 22 август 2017. Посетено на 8 февруари 2018.
  6. „Чудна тишина: Што се случува во Работнички?“. ekipa.mk преку web.archive.org. 27 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-27. Посетено на 27 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Питс и Работнички договорија нова соработка“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 6 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 6 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Viktor Efremovski“. fibaeurope.com. Посетено на 8 февруари 2018.
  9. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Тодоров го избра тимот за Естонија, отпаднаа тројца млади кошаркари“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „Шанса за деби: Виктор Ефремовски ќе патува со Македонија во Перм“. gol.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
  13. „Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“. sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  14. „Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“. ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  15. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди