Википедија на тамилски јазик

издание на Википедија на тамилски јазик

Википедија на тамилски јазик или тамилска Википедија (тамилски: தமிழ் விக்கிப்பீடியா) — издание на Википедија на тамилски јазик во надлежност на заедницата на Фондацијата Викимедија.[1] Основана е во септември 2003 г. а до септември 2018 г. достигнала 117.667 статии и 139.577 регистрирани корисници[2]. Го зазема 56. место по големина меѓу сите википедии и второ место меѓу википедиите на јазиците во Индија. Претставува прва Викиепдија на дравидски јазик со преку 10.000 статии и предводи меѓу јужноазиските изданија во квалитет.[3] Прагот од 100.000 статии го надминала во мај 2017 г.

Иконка на Википедија Википедија на тамилски јазик
தமிழ் விக்கிப்பீடியா
Лого на Википедија на тамилски
Екранска снимка
Главната страница на тамилската Википедија на 15 декември 2014 г.
Вид место
семрежна енциклопедија
Достапно натамилски
СедиштеМајами, Флорида, САД
СопственикФондација Викимедија
Адресаta.wikipedia.org
Место на Алекса 7 (севкуп.), 6 (САД) (САД/севкуп. 03/2015)
Комерцијалноне
Корисници139.577+ (септември 2018)
Пуштеносептември 2003
Документарец за Википедија на тамилски јазик од 2013 г.

Културна важност уреди

За разлика од погледот на Википедија во европските и северноамериканските земји, тамилското издание ужива голем углед како најдобриот извор на информации на тамилски јазик на семрежјето.[4] Енциклопедијата се соочува со многу помалку вандализам отколку на поголемите викија поради бавниот раст и недостатокот од сметачи и семрежен пристап во селските средини на Тамил Наду (Индија) и Шри Ланка — највеќето уредници се впрочем членови на тамилската дијаспора во странство.[4][5]

Во април 2010 г. Тамилската семрежна конференција одржала голем уредувачки натпревар на тамилската Википедија, опфаќајќи ја сета сојузна држава Тамил Наду.[6] Натпреварот е одржан во контекст на Светската тамилска конференција истата година на која учествувале тамилисти ширум светот со цел да расправаат за развојот на тамилскиот јазик во современиот свет. Учество во натпреварот зеле 2.000 уредници кои на тамилската Википедија создале вкупно 1.200 нови академски рецензирани статии на разни полиња.[7]

Во септември 2013 г. Википедија на тамилски јазик ја одбележала својата десетгодишнина.[8]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Frederick, Prince (May 21, 2009). „The Tamil Wiki…six years on“. The Hindu. Chennai, India. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на May 26, 2009.
  2. Статистики — службена страница на Википедија на тамилски
  3. stats:EN/TablesWikipediaTA.htm
  4. 4,0 4,1 Tamil Wikipedia 1000 Articles CD Project Proposal – Version 1.0 : MAYU’s Personal Blog Архивирано на 6 декември 2010 г.
  5. The Photologue of the Tamil Wikipedia Academy | kiruba.com
  6. „Move for more Tamil content in Wikipedia“. The Hindu. Chennai, India. April 1, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-11. Посетено на 2018-09-04.
  7. Madhavan, Karthik (15 June 2010). „1,200 articles selected to Tamil Wikipedia upload“. The Hindu. Chennai, India.
  8. Subramaniam, Karhtik. „Tamil Wikipedia to celebrate 10 years“. The Hindu. Посетено на 13 November 2013.

Надворешни врски уреди