Википедија:Уредувачки натпревари/СИЕ Пролет 2015

Дел од сликата „Пролетен ден“ (1873) на Алексеј Сарасов, скратена како заглавие за натпреварот
Дел од сликата „Пролетен ден“ (1873) на Алексеј Сарасов, скратена како заглавие за натпреварот

Замисла уреди

 
Викимедијанци од регионот на СИЕ на Викиманија 2014 во центарот Барбикан, Лондон

Викимедија СИЕ Пролет 2015 (Wikimedia CEE Spring 2015) — натпревар кој се одржал од 21 март до 31 мај во организација на викимедијанци и википедијанци од подрачјето на средна и источна Европа (СИЕ) со цел да се поттикне создавањето на статии за сите земји во регионот на секоја Википедија од истиот.

Замислата е учесниците од сите земји со здружени сили да да прошират информации за историјата, културата, обичаите и луѓето од секој дел на регионот со цел да се дојде до повисоко ниво на заемно признание и разбирање и да се зголеми количината и квалитетот на слободното знаење за регионот на глобално ниво.

Погледајте ја меѓународната страница на проектот.

На Википедија на македонски јазик уреди

Погледајте ги темите за секоја од земјите во регионот и пишувајте на било која од нив, за било која земја. Натпреварот на Википедија на македонски јазик се одржал во истиот период.

Натпревар и камп уреди

 
Лого на Викимедија СИЕ Пролет

Натпреварот се одржал од 21 март до 31 мај на повеќе јазични изданија на Википедија, задржувајќи се на што повеќе земји од регионот.

Најдобрите учесници во натпреварот од сите земји-учеснички имале можност да учествуваат на СИЕ Викикамп, кој се одржал во Македонија од 31 јули до 2 август 2015 година.

Цели уреди

Општите цели на натпреварот се во склад со начелните цели на Викимедииното движење за обезбедување добар број и квалитет на содржини, како и одржливост на соработката:

  1. зголемување на бројот и квалитетот на содржините на поголем број проекти и јазици;
  2. зголемување на учеството и заедниците на месно ниво, со привлечен меѓународен настан; и
  3. поддршка за понатамошни иницијативи за соработка меѓу уредниците во регионот.

Пријавување на учесници уреди

  Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

Список уреди

  1. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:41, 22 март 2015 (CET)[одговори]
  2. --Виолетова (разговор) 19:58, 22 март 2015 (CET)[одговори]
  3. --MarioPuovik6 (разговор) 23:41, 23 март 2015 (CET)[одговори]
  4. --Koyaanisqatsi9 (разговор) 19:14, 5 април 2015 (CEST)[одговори]
  5. --Leonardo Lazov (разговор) 19:08, 19 април 2015 (CEST)[одговори]

Оценка на статии уреди

Со оглед на тоа што земја-домаќин на СИЕ Викикамп 2016 била Македонија, не е извршена формална оценка на статиите уредувани од страна на учесниците. Меѓутоа, придонесот на секој од учениците може да се погледне на страницата со евиденција.