Википедија:Потстраници

Со исклучок на главниот именски простор (за статии), каде можноста за потстраници е исклучена, потстраниците се страници што се одделуваат со „/“ (коса црта) од нивната матична страница.

Потстраницата се прави со ставање на нова [[врска]] што почнува со / (коса црта). Страницата на таа врска се смета за „подредена“ на претпоставената матична страница – нејзиниот наслов би гласен [[Матична страница/Потстраница]]. Може да се направи и потстраница н потстраницата (пот-потстраница). Во најгорниот дел на секоја потстраница (или пот-потстраница) ќе најдете повратна врска (наречена „трошка“) што води кон повисокото ниво на страницата.

Дозволена употреба уреди

  1. Кориснички потстраници – ако сакате да направите повеќе страници за вашата корисничка страница. На пр. [[Корисник:Пример/Работна верзија на статија]] или [[Корисник:Пример/За мене]].
  2. Потстраници за ВикиПроекти – за предлошки, разговорни страниции и напатствија кои се наменски за тој проект.
  3. Потстраници за портали – за предлошки и содржини кои се наменски за тој портал.
  4. Разделување на страници за административни постапки на Википедија (на пр. Википедија:Статии за бришење, Википедија:Страници на кои им треба внимание итн.) кои инаку би станале преголеми за да можат да се користат лесно.
  5. Потстраници за предложна документација.
  6. Архивирање на разговорни страници – ова важи за разговори за статии („Разговор:“) како и за разговори со корисници („Разговор со корисник:“). Аархгивирањето се врши со преместување на разговорите во потстраници со редни броеви. Вака разговорите можат да се пребаруваат, наместо да треба да се ловат по историјата на страницата.
  7. Додавки на страниците наменети за разговори во врска со нив, како да речеме списоци /за сработување, или пак страниците за /Коментари што се користат за проверка на квалитетот на статиите. Ако имате особено долга и сложена историја на статијата ({{ArticleHistory}}), тогаш можете да ја ставите на превметната страница /ИсторијаНаСтатијата.
  8. Привремени потстраници во именскиот простор Разговор, обично форматирани во обликот [[Разговор:Пример за статија/Привремена]] или [[Разговор:Пример за статија/Буниште]], на пример, страниците од типот "/Привремена" што можат да се создадат од Предлошка:Copyvio, што им дава на уредниците можност да создадат сосем нова статија од нула, додека се средува прекршокот на авторските права.
    Избегнувајте дополнителни влезни и излезни врски што ќе направат оваа "/Привремена" страница да изгледа како да е дел од самата енциклопедија: т.е., во случај на предлошката Copyvio, само предлошката, применет во именскиот простор на статијата, може да води до статијата "/Привремена" од статијата или „главниот“ именски простор. Погледајте подолу во Недозволена употреба за други предлози како да не оставите впечаток дека страницата "/Привремена" е енциклопедиска страница. Други почести варијанти се [[Разговор:Пример за статија/Подготвителна]] и [[Предлошка:Пример за статија/Песочник]]. Ваквите привремени страници понекогаш се користат и за разработка на предлошки и страници во именскиот простор „Википедија“.

Недозволени примени уреди

  1. Пишување на ваша посебна, алтернативна содржина со цел да избегнете НГТ (наречено „расчленување“).
  2. Пишување на подготвителни верзии на крупни ревизии на статии, на пр. [[Пример за статија/Привремена]] во главниот именски простор, бидејќи до нив може да се дојде случајно со Специјални:Случајна — ваквите верзии пишувајте ги во именскиот простор за разговор, на пр. [[Разговор:Пример за статија/Привремена]]. За повеќе информации, погледајте: Википедија:Работни страници. Исто така одбегнувајте дојдовни и појдовни врски кај ваквата страница „Разговор:.../Привремена“ што можат да дадат впечаток дека е енциклопедиска страница предвреме. На пр.:
    • на врските „Категорија:“ ставете им ознаки „nowiki“, за да не се заведе привремената страница заедно со другите редовни статии. Пример: <nowiki>[[Категорија:Неверојатно паметни луѓе]]</nowiki>. Отстранете ги ознаките „nowiki“ кога привремената содржина ќе ја преместите во главниот именски простор. (Ова е пример за поддовна врска.) Друго решение: ставете две точки (:) пред „Категорија:“. На пр. [[:Категорија:Шаманизам]] наместо [[Категорија:Шаманизам]]. Во тој случај категоријата ќе работи како врска, но потстраницата нема да се појавува во категории.
    • не создавајте прегледнички предлошки каде привремената страница ќе изгледа како дел од низа енциклопедиски статии. Значи не правете го ова: „... | [[Добромир I]] | [[Разговор: Добромир II/Привремена| Добромир II]] | [[Добромир III]] | ...“. (Ова е пример за дојдовна врска).
    • Подготвителните верзии напишаи по грешка во главниот именски простор треба соодветно да се преместат, или пак избришат, ако се неактивни или излишни за главната статија.
  3. Користење на потстраници за постојани содржини што треба да се дел од енциклопедијата.
  4. Прекопирање на доверливи извори за да ги „споделите“ со другите уредници. Кршењето на авторските права е забрането секаде на Википедија.

Употреба на потстраници уреди

За да добиете список на сите потстраници на една страница, појдете на страницата Специјални:ИндексНаПрефикси и внесете го името на матичната страница со коса црта (/) на крајот. На пример, за да ги видите сите потстраници на Корисник:Пример, во полето внесете Корисник:Пример / и притиснете на Оди:

За оваа цел можете и да внесете Специјални:ИндексНаПрефикси/Корисник:Пример/ во главното поле за пребарување.

Статиите немаат потстраници (главен именски простор) уреди

Програмот МедијаВики дава избор за можност или неможност создавање на потстраници во разни именски простори. Во именските простори кајшто може да се прават потстраници, можете да создадете потстраница на едноставен начин - врска кон името на потстраницата со коса црта на самиот почеток (на пр. [[/Архива]]).

Следниве именски простори немаат можност за потстраници: главниот, Податотека, МедијаВики и Категорија. Но можноста постои на нивните разговорни страници, како и кај сите други именски простори.

Главниот именски простор (за статии) нема ваква можност бидејќи не дозволуваме строго хиерархиска организација на статиите. Разликувањата и појаснувањата се вршат многу подобро со ставање на страници во други именски простори (на пр. разговорите одат во „Разговор:“, а предлошките во „Предлошка:“).

Коси црти во наслови на статии уреди

Некои теми имаат коси црти во самиот наслов и затоа треба така и да се именуваат — на пр. Аораки/Кукова Планина или OS/2. Но треба да се внимава на нивните разговорни страници, бидејќи кај нив потстраниците се овозможени – на пример, програмот ја третира страницата Разговор:OS/2 како потстраница на Разговор:OS.

Историја на потстраниците уреди

Потстраниците првично се користеа за разликување на предметот (темите) се цел на создавање на тематски хиерархии на страниците, но ова се покажа како несоодветно, бидеќи статиите обично припаѓаат на повеќе од една хиерархија. За таа цел беше усвоен постојниот систем на појаснување. Наложуваме строго придржување до правилото Википедија:Не користете потстраници, и ова важи и за дотогашните статии. Системот на категоризација поддржува хиерархиска организација, но сепак дозволувајќи една статија да влезе во повеќе категории.

Поврзано уреди