Википедија:Одрекување од одговорност за содржината

ВИКИПЕДИЈА СОДРЖИ РАЗОТКРИВАЧКИ МАТЕРИЈАЛ И МАТЕРИЈАЛ КОЈ МОЖЕБИ Е СПОРЕН

Во својата енциклопедиска функција, Википедија содржи илјадници статии на голем број на теми. Релативно мал дел од овие теми се теми кои често се цензурирани од едукативни, владини, корпоративни, родителски и други филтерни форми.

  • Некои статии на Википедија содржат статии кои дискутираат зборови кои се сметаат за вулгарни или навредливи за некои читатели.
  • Статиите можат да содржат аудио, видео или напишана репрезентација на луѓе или настани кои можеби се заштитени од некои култури.
  • Википедија содржи многу различни слики, некои од кои се сметаат за спорни или навредливи од некои читатели. На пример, некои статии содржат графички приказ на насилство или прикази на човечката анатомија.
  • Многу статии содржат слободна дискусија на конторверзни теми. Некои теми кои се дискутираат имаат криминални теми во некои јурисдикции. Други содржат информации на опасни или на друг начин ризични активности (видете Википедија:Услови на употреба и Википедија:Одрекување од ризик).
  • Википедија содржи разоткривачки материјал — подробности кои го разоткриваат дејствието и/или расплетот на определени книги, филмови и други слични содржини.
  • Википедија содржи активатори за луѓе кои боледуваат од пост-траматичен стрес.
  • Википедија содржи слики и видео материјал кои може да активираат епилептичен напад и други слични медицински состојби.
  • Треба да биде забележано дека Википедија е отворена за придонеси од јавноста и може во било кое време да се појават графити и вандализам во нејзината содржина.
  • Можно е да постојат медицински, правни или други информации кои нормално се нормално предмет на професионални мислења; Википедија не е замена за барање на помош од професионалец. Ве молиме имајте на ум: Википедија не дава правни совети или медицински совети.

Моменталниот став на Википедија е да вклучува таква содржина која не прекршува ниту еден од нашите постоечки начела (особено неутралната гледна точка) или законите на сојузната држава Флорида во Соединетите Држави каде што Википедија е технички хостирана.

Во било кој случај, Википедија е проект во создавање и многу статии содржат грешки, пристрасност, дуплирање или едноставно бараат грижа. Ние ги охрабруваме нашите читатели да ни помогнат да ги поправиме овие проблеми. Најголемиот дел од статиите се напишани главно од луѓе кои не се експерти на дадената тема и можат да имаат недостиг од академски или професионални познавања во областа.

Википедија содржи информации кои обично не би биле покриени во конвенционална енциклопедија. Покривањето на Википедија е основана врз интересите на нашите волонтерски придонесувачи. Читателите не треба да го судат значењето на темите врз основа на нивната покриеност на Википедија, ниту да претпоставуваат дека определена тема е важна само заради тоа што е тема на статија на Википедија.

Поврзано: Википедија:Проверливост.