Википедија:Избрана статија/2013

Гласање за избрана статија уреди

Како да гласам за овој предлог?

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 30.12.2013 - 5.1.2014
Дрезден на квечерина
Дрезден на квечерина

Дрезден (германски: Dresden; горнолужички: Drježdźany) — главен град на сојузната покраина Саксонија во Германија. Се наоѓа во долината на реката Елба, близу границата со Чешка. Пошироката област околу Дрезден е дел од метрополитенската област Саксонски Триаголник.

Има долга историја како главен град и резиденција на изборните кнезови и кралевите на Саксонија, кои се векови го дополнувале градот со културен и уметнички сјај. Градот бил познат како „кутија за накит“, бидејќи самиот центар на градот бил опсипан со зданија во барок и рококо. Контроверзното бомбардирање на Дрезден во Втората светска војна при крајот на Втората светска војна убило илјадници цивили и целосно го уништило центарот на градот. Ударот на бомбардирањето и 40 години урбан развој на градот во текот на комунистичката ера во Источна Германија, значајно го изменило лицето на градот. Некои реставрациски работи помогнале да се обноват одредени делови на историскиот стар дел на градот, вклучувајќи ги Хофкирхе, Земперовата опера и Богородичната црква. По обединувањето на Германија во 1990, Дрезден повратил одредена важност како еден од културните, образовните, политичките и економските центри на Германија.

Иако Дрезден е релативно нов град со словенско потекло, областа била населена уште во неолитот од одредени племиња околу 7500 п.н.е. Основањето на Дрезден и раниот развој е поврзуван со источното ширење на Германите, рударството во блиските Рудни Планини и основањето на Грофовија Мајсен. Неговото име етимолошки е изведено од старолужичкиот збор Drežďany, што значи „шумарци, шумски народ“. Подоцна, Дрезден прераснал во главен град на Саксонија. На денешен горнолужички, градот се нарекува „Дрјежѓани“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 52, 23.12.2013 - 29.12.2013

Седмица 51, 16.12.2013 - 22.12.2013

Седмица 50, 9.12.2013 - 15.12.2013
Потпорен ѕид крај улица
Потпорен ѕид крај улица

Ѕид — вертикална градба што за затвора и ги носи останатите нејзини делови. Игра улога и на одделувач на собите или пак како ограда во случај на отворен простор. Постојат неколку вида ѕидови: носечки, преградни, оградни и потпорни. Кај грдежните објекти, главната улога на ѕидот е да го носи покривот и таванот. Денес ваквите ѕидови имаат посложен состав, бидејќи содржат изолација, арматура, и можат да бидат обложени со друг слој како гипскартон или ламперија. Покрај ова, во нив се вметнуваат инфраструктурни елементи како електрична инсталација и водовод. На ѕидовите се поставуваат приклучоци, прекинувачи, разводници, чешми, се бесат слики, телевизори итн. Внатрешните ѕидови можат да бидат уметничко дело, како што е случај со фрескописот и релјефот во верските објекти, мозаик и мурали.

Постојат големи и долги преградни ѕидови со посебна улога да ги бележат границите на цели држави или региони и да спречат недозволен премин на луѓе и стоки. Покрај заштитната улога, овие ѕидови претставуваат и политички симбол: непријателство на две држави, проблематичноста на регионот и судири на населението, посебноста на два различни система и меѓусебното немешање и слични проблеми. Познат пример за вакова преграда е Берлинскиот ѕид, кој сè до 1989 г. ја двоел комунистичка Источна Германија од капиталистичка Западна Германија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 49, 2.12.2013 - 8.12.2013

Седмица 48, 25.11.2013 - 1.12.2013
Бела бреза (Betula pendula)
Бела бреза (Betula pendula)

Бреза (науч. Betula) — род на листопадни дрва од семејството на брезите (Betulaceae), во кое спаѓаат и евлата, леската и габерот, а е во блиско сродство со буките. Опфаќа 30 до 60 таксони, од кои 11 се водат како загрозени на Црвениот список на МСЗП од 2011 г. Брезите се кратковечни пионерски видови, застапени ширум северната полутопка, особено во северните умерени и супполарни краишта. Во Македонија се среќава само белата бреза (Betula pendula). Името на ова дрво се содржи во разни топоними и населени места како Брезово, Брезно и голем број села со името Брезница.

Сите видови брези се мали до средни дрва или грмушки и претежно виреат во умерениот појас. Имаат прости, назменично распоредени листови со единечна или двојна назабеност, пердувести жилички и имаат дршки и прилисници. Кората има карактеристични хоризонтални засеци. Отпорна е на распаѓање поради смолното масло што го содржи. Бојата на кората е различна кај различни видови, поради што постојат видови наречени „сива“, „бела“, „црна“, „црвена“ и „жолта“ бреза.

Брезата има значење во митологијата и верувањата на европските народи, особено Словените и Келтите. Во словенската митологија, на брезине седеле русалките и самовилите бидејќи им прилегале. Според верувањата на келтските народи, брезата симболизира обнова, стабилност и приалгодливост поради нејзината жилавост и приспособливост на разни физички и климатски услови. (Дознајте повеќе...)

Седмица 47, 18.11.2013 - 24.11.2013
Поглед на Германскиот музеј во Минхен
Поглед на Германскиот музеј во Минхен

Германски музеј (германски: Deutsches Museum) — музеј во Минхен, Германија и најголема ваква установа во светот посветена на науката и техниката со околу 1,5 милиони посетители годишно и околу 28.000 изложени предмети од 50 полиња на науката и техниката. Музејот е основан на 28 јуни 1903, на состанок на Здружението на германски инженери (VDI) на иницијатива на Оскар фон Милер. Неговото официјално име „Германски музеј на ремек-дела во науката и техниката“ (Deutsches Museum von Meisterwerken der Naturwissenschaft und Technik). Ова е најголемиот музеј во Минхен.

Главниот објект на Германскиот музеј е мал остров во реката Изар, која била користена за пренесување на дрво уште од средниот век. Островот немал никакви градби до 1772, бидејќи бил постојано поплавуван пред изградбата на браната Зилвенштајн.

Покрај главниот објект на Музејскиот Остров, музејот поседува дополнителни објекти во и близу Минхен и еден во Бон. Објектот за воздухопловство во Шлајсхајм се наоѓа на околу 18 километри северно од центарот на Минхен близу дворецот Шлајсхајм. Шлајсхајм прикажува различни интересни авиони, за кои немало доволно простор на самиот Музејски Остров во центарот на Минхен. Меѓу попознатите изложени предмети е едрилицата Хортен, изграден во 1940-тите, обновена од неколку преостанати делови. (Дознајте повеќе...)

Седмица 46, 11.11.2013 - 17.11.2013

Седмица 45, 4.11.2013 - 10.11.2013
Храмот на небото во Пекинг
Храмот на небото во Пекинг

Храм на небото или Олтар на небото (кин. трад. 天壇, упр. 天坛; пинјин: Tiāntán; манџ. Абкај мукдехун) — светилиште во југоисточниот дел на центарот на Пекинг. Служел за државни обреди, каде царевите од династиите Минг и Чинг секоја година се помолувале на небото за добра жетва во царството. Светилиштето е изградено во периодот од 1406 до 1420 г., за време на царот Јунгле, кој го изградил и Забранетиот град. Денешното име го добил во времето на царот Џаџинг (XVI век). Царот изградил и уште три важни храма во градот: Храмот на сонцето (日壇) на исток, Храмот на земјата (地壇) на север и Храмот на месечината (月壇) на запад. Храмот на небото е реновиран во XVIII век во времето на царот Ченлунг — последен крупен зафат во царско време поради влошувањето на државните финансии.

Во Кина, царот се сметал за „син на небото“, кој раководел со овоземските работи како претставник на небесата. Како таков, имал задача да се моли за добра жетва за целата земја, притоа принесувајќи жртва.

Двапати годишно царот и неговата придружба доаѓале во светилиштето и се залогорувале. Царот носел посебно облекло и држел строг тридневен пост. На обичниот народ му било забрането да присуствува на обредот или подготовките. Потоа царот се молел за плодна година. На зимската краткодневица се вршел посебен обред, кој морал да се изведе совршено за да не се урочи земјата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 44, 28.10.2013 - 3.11.2013
Почетна позиција во шахот
Почетна позиција во шахот

Oтворање — поим кој во шахот има две основни значења: фаза во играта и низа од потези. Шахистите се сложуваат со оваа поделба, но во многу книги и статии овие два поими се поистоветуваат и се создава едно пошироко значење на поимот.

Најраната фаза во развојот на партијата е позната како отворање. Во првите неколку потези, шахистите имаат за цел да ги преместат своите фигури од почетните позиции на некои полиња на кои би биле покорисни.

Шаховско отворање е група на почетни потези во шаховската игра. Познатите почетни потези се познати како „отворања“, доколку настануваат со потези на белиот или „одбрани“, доколку настануваат како одговор на црниот. Во шаховската теорија постојат голем број на различни отворања и стотици варијанти и линии во секое отворање одделно.

Низата од потези кои се сметаат за стандарди во почетокот на партијата се наречени „теоретски потези“ или поедноставно „теорија“. Овие дела ги прикажуваат овие потези со примена на алгебарски запис, гранки на отворањата или теориски таблици. Кога партијата започнува да отстапува од познатите потези од теоријата на отворањето, шахистите се вели дека се „надвор од теоријата“. Во некои линии во отворањето, најдобрите потези за обете страни се анализирани до дваесеттиот, па дури и до дваесет и петтиот потег. Професионалните шахисти, поминуваат години во анализа и проучување на шаховските отворања и оваа работа продолжуваат да ја извршуваат и понатаму, бидејќи шаховската теорија на отворањата и понатаму напредува.

На највисоко ниво, долги години, главните стремежи на играта биле да се обезбеди подобра позиција во отворањето, играјќи со бели фигури и постигнување еднаквост во позицијата (анулирање на предноста на противникот), играјќи со црни фигури. Суптината е во тоа што првиот потег му дава мала предност на белиот. Тоа би значело дека белиот прв би нападнал, доколку и обете страни се отворат симетрично. (Дознајте повеќе...)

Седмица 43, 21.10.2013 - 27.10.2013
Обичен сколовранец на даска
Обичен сколовранец на даска

Обичен сколовранец (науч. Sturnus vulgaris) — средноголема врапчевидна птица од семејството на сколовранците (Sturnidae). Долга е околу 20 см со сјајно црно перје кое во некои периоди на годината е испрскано со бели точки. Нозете ѝ се розови, а клунот лете е жолт, а зиме црн. Природното живеалиште ѝ е умерена Европа, вклучувајќи ја и Македонија и западна Азија, но е населена ширум светот - во Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка, јужна Африка и на други места. Во јужна и западна Европа, како и во западна Азија, таа е постојан жител, а од посеверните краишта мигрира понајуг, на Пиринејскиот Полуостров и северна Африка.

Обичните сколовранци од југозападна Европа (јужно од 40° СГШ) се постојани жители, а останатите, од пределите со поостра клима се птици преселници. Тие се урбани или птици чие живеалиште е во близина на населените места. Понекогаш населуваат отворении шуми и планини, крајбрежја и многу се адаптираат, но не сакаат густи, влажни предели. Обичните сколовранци се собираат во големи групи, особено наесен и зиме. Јатото е со различна големина, а големите, бучни јата се на местата каде спијат. Оваа густа концентрација птици служи за одбрана од грабливите птици.

Обичниот сколовранец е долг 19-23 см, со распон на крилјата 31-44 см и тежина од 58 до 101 грам. Пердувите се прелеано црни, со зелен или виолетов сјај испрскани со бели точки особено зимно време. Долните делови на мажјакот се помалку точкави од оние на женките. Пердувите не вратот кај мажјаците се долги и пошироки и ги користи при прикажување кога се додворува, а кај женката тие се помали и поостри. Нозете им се цврсти и розовкаво или сивкавоцрвени. Клунот им е прав, конусен со остар врв; зимно време е кафеавкавоцрн, а лете, женките имаат лимонжолт, а машките исто таков, но со синосива основа. Се митарат еднаш годишно, доцна лете, по сезоната на парење. Новите пердуви се со бели врвови (на градите) и кремкави (на крилјата и грбот), што ѝ дава на птицата „испрскан“ изглед. (Дознајте повеќе...)

Седмица 42, 14.10.2013 - 20.10.2013
Сколовранци
Сколовранци

Сколовранец (поточно „обичен сколовранец“, науч. Sturnus vulgaris) — средноголема врапчевидна птица од фамилијата на сколовранците (Sturnidae). Долга е околу 20 см со сјајно црно перје кое во некои периоди на годината е испрскано со бели точки. Нозете ѝ се розови, а клунот лете е жолт, а зиме црн. Природното живеалиште ѝ е умерена Европа, вклучувајќи ја и Македонија и западна Азија, но е населена ширум светот - во Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка, Јужна Африка и на други места. Во јужна и западна Европа, како и во западна Азија, таа е постојан жител, а од посеверните краишта мигрира понајуг, на Пиринејскиот Полуостров и северна Африка.

Има распон на крилјата 31-44 см и тежина од 58 до 101 гр. Пердувите се иридесцентно црни, со зелен или виолетов сјај испрскани со бели точки особено зимно време. Долните делови на мажјакот се помалку точкави од оние на женките. Пердувите не вратот кај мажјаците се долги и пошироки и ги користи при прикажување кога се додворува, а кај женката тие се помали и поостри.

Сколовранците се чуваат како миленичиња и како лабораториски животни. Лесно се адаптираат во заробеништво, а проблем е нередот што го прават, како и болестите кои може да ги пренесат на луѓето. Одамна е позната способноста на оваа птица да ги имитира звуците, на другите птици, но и останатите звуци, што е привлечно за луѓето.

В.А. Моцарт имал милениче сколовранец кој можел да испее дел од неговиот Концерт за пијано бр. 17. Тој го купил во продавница откако го слушнал како пее една фраза што ја напишал шест недели претходно, која сè уште не била изведена во јавност. Тој станал многу приврзан со птицата и подготвил специјален погреб по три години кога починала. Се смета дека неговата „Музичка шега“ (К. 522) се заснова на стилот на вокализација на оваа птица. (Дознајте повеќе...)

Седмица 41, 7.10.2013 - 13.10.2013
Поглед на планината Арарат
Поглед на планината Арарат

Арарат (турски: Ağrı Dağı, ерменски: Արարատ) — заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и сета Ерменска Висорамнина. Има два врва: Голем Арарат (5.137 м) и Мал Арарат (3.896 м). Масивот има пречник од околу 40 км, а иранско-турската граница минува источно од Мал Арарат.

Според Библијата, во „горите на Арарат“ застанала барката на пророкот Ное откако стивнал Светскиот потоп. Планината зазема значајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е претставена е на грбот на Ерменија.

Се наоѓа во областа Источна Анадолија, помеѓу Догубајазит и Игдир, недалеку од границата со Иран, Ерменија и азербејџанската ексклава Нахичеван, меѓу реките Аракс и Мурат. Тромеѓата Турција-Ерменија-Азербејџан и Турција-Иран-Азербејџан се оддалечени 8 км, одделени со тесен појас на турска територија со магистралата E99 во правец на Нахичеван (Азербејџан).

Планината први ја освоиле германскиот природонаучник Фридрих Парот и мештанинот Хачатур Абовјан во 1829 г. Денес планината може да се искачува само со издадена дозвола и во придружба на ополномоштен водич од Турција. (Дознајте повеќе...)

Седмица 40, 30.9.2013 - 6.10.2013

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот зафаќа површина 525 км². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на ренесансно-хуманистичката култура во XV век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно по 150 години отоманско владеење, со развојот на регионот во XVIII и XIX век, по обединувањето од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала жариште на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 39, 23.9.2013 - 29.9.2013

Седмица 38, 16.9.2013 - 22.9.2013

Седмица 37, 9.9.2013 - 15.9.2013

Седмица 36, 2.9.2013 - 8.9.2013

Седмица 35, 26.8.2013 - 1.9.2013

Седмица 34, 19.8.2013 - 25.8.2013

Седмица 33, 12.8.2013 - 18.8.2013
Логото на Евровизија.
Логото на Евровизија.

Изборот на песна за Евровизија е музички натпревар кој се одржува секоја година и во кое учествуваат повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија. Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво како и еден од најгледаните неспортски настани во светот. Од 2000 година изборот се емитува и преку интернет. Гласањето при избор на песните се врши преку комбинација од телефонското гласање и гласовите на жирито кое е составено од музички професионалци. Песните кои ги исполнуваат натпреварувачите може да се испеат на јазик кој ќе го одбере самата земја учесник. Од 2000 година, Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија дирекно се пласираат во финалето, без ралика на нивната позиција на бодовната табела претходната година, поради нивниот статус што се четирите најголеми финансиски соработници на Европската радиодифузна унија. Во 2010 година кон овој список била вклучена и Италија. Ирска го држи рекордот за најголем број на победи на Евровизија победувајќи на изборот седум пати додека Франција, Луксембург, Велика Британија и Шведска се заедно на второто место со по пет победи.

Македонија на Евровизија за прв пат дебитирала во 1998 година а најдобро место остварила во 2006 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 32, 5.8.2013 - 11.8.2013

Италијанската култура може да се пофали со неколку светско познати градови. Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Рим бил античка престолнина на Римската Империја и седиште на Папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметноста. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, вајари, поети, музичари, математичари и архитекти. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала национална држава.

Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на операта. Исто така земјата е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48). Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, 216 археолошки наоѓалишта, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе. (Дознајте повеќе...)

Седмица 31, 29.7.2013 - 4.8.2013
Јато птици во преселба
Јато птици во преселба

Преселба на птиците (наречена и миграција) — изведување редовни летови од многу видови птици кои се спроведуваат како резултат на сезонски или периодични преместувања на птиците поради настанати промени во животната средина, достапноста на храната или се случиле временски промени. Во некои случаи птичјите летови не може да се категоризираат како регуларна преселба поради фактот дека тие се неправилни, како резултат на номадство или се вршат само во една насока без птиците да се вратат. Во голем дел од случаите преселбата на се случува поради промената на годишните времиња. Птиците кои не се селат, туку секогаш живеат на едно место, се нарекуваат „жители“ или резидентни. Околу 1800 од 10 000 видови птици во светот се селат на долги растојанија. Многу од птичјите населенија се преселуваат далеку користејќи постојани патеки, т.н. миграциони маршрути. Најчест модел претставува летањето на север во пролет, каде птиците се размножуваат во умерена умерените или поларен арктички области, а наесен се враќаат на југ кон потоплите региони. Аналогно на ова, во јужната полутопка насоките се обратни. (Дознајте повеќе...)

Седмица 30, 22.7.2013 - 28.7.2013
Марк Кавендиш
Марк Кавендиш

Марк Сајмон Кевендиш MBE (роден на 21 мај 1985) е мански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ. Првично започнал како велодромски велосипедист, специјализирајќи се во дисциплините медисон, бодовна трка и скреч, а од 2006 се префрлил во друмскиот велосипедизам, истакнувајќи се како спринтер.

Во велодромскиот велосипедизам, Кевендиш освоил злато во медисон на Светските првенства во 2005 и 2008, заедно со Роб Хејлс и Бредли Вигинс соодветно и во трката во скреч на Комонвелтските игри 2006, возејќи за Ман.

Како друмски велосипедист постигнал единаесет победи во неговата прва професионална сезона, изедначувајќи го рекордот на Алесандро Петаки. Кевендиш освоил вкупни 23 етапи на Тур де Франс, со што станал четврти по бројот на освоени етапи на сите времиња и деветти по бројот на освоени Гранд Тур етапи на сите времиња со 36 победи. Победил на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2011, станувајќи вториот британски возач кој успеал во тоа по Том Симпсон. Други поголеми победи му се освојувањето на класикот Милано-Сан Ремо 2009 и бодовниот пласман на сите три големи трки: Вуелта а Еспања 2010, Тур де Франс 2011 и Џиро д’Италија 2013. Во 2012 станал првиот велосипедист кој победувал пет години по ред на последната етапа на Тур де Франс на Шанзелизе.

Кевендиш ја добил титулата MBE во 2011 за заслугите во британскиот велосипедизам. Ја освоил наградата за спортист на годината од ББС во 2011 и во 2012 бил именуван како најдобар спринтер на Тур де Франс на сите времиња од францускиот весник L'Equipe. (Дознајте повеќе...)

Седмица 29, 15.7.2013 - 21.7.2013

Пенсилванија, или официјално Заедница Пенсилванија, е сојузна држава во САД која се наоѓа во североисточниот и централно-атлантскиот регион на Соединетите Држави, поточно во регионот на Големите Езера. Државата се граничи со Делавер на југоисток, Мериленд на југ, Западна Вирџинија на југозапад, Охајо на запад, Онтарио, Канада, на северозапад, Њујорк на север и Њу Џерси на исток.

Според површина, Пенсилванија се наоѓа на 33 место во САД, според бројот на жители на шестото и според густина на населеноста на 9 место меѓу 50-те сојузни држави. Четирите најнаселени градови во државата се Филаделфија, Питсбург, Алентаун и Ири. Главниот град на државата е Харисбург.

Пенсилванија има брег долг 82 км на езерото Ири и 92 км на реката Делавер. Според пописот од 2010 државата се нашла меѓу оние со најголем број европско-американски жители и голем број на Афроамериканци. (Дознајте повеќе...)

Седмица 28, 8.7.2013 - 14.7.2013

Ѕвезда е масивно тело од јонизиран гас (главно водород) во надворешната вселена, што произведува или произведувала енергија преку јадрено соединување. Најпозната и најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето. За разлика од планетите, една ѕвезда поради интензивната топлина зрачи светлина. Научно, ѕвездите се дефинираат како самогравитирачки сфери од плазма, што создаваат нивна сопствена енергија преку процесот на јадрено соединување. Науката што се занимава со проучување на ѕвездите се нарекува ѕвездена астрономија.

Ѕвездите можат да се видат на небесниот свод како точки што треперат, заради ефектот на Земјината атмосфера и нивното растојание од нас (кое што обично се мери во светлосни години). Сонцето е исклучок - тоа е единствената ѕвезда доволно блиску до Земјата за да биде видливо како небесно тело составено од различни сфери. Најблиската ѕвезда до Сонцето, Проксима Кентаури, се наоѓа на приближно четири светлосни години од Сончевиот Систем, односно 250 000 пати подалеку од Сонцето.

Една типична ѕвезда наликува на Сонцето. Нејзината маса е околу 1030 килограми, и нејзиниот пречник е неколку милиони километри. Моќта на зрачењето на една ѕвезда како Сонцето е околу 1026 вати. (Дознајте повеќе...)

Седмица 27, 1.7.2013 - 7.7.2013

Крстоносните војни претставуваат серија од воени походи и походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле покренати против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против Евреите, руските и грчките православни христијани, Монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале се со учество на рицари, монаси, кои ќе војуваат против Арапите, Маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Господ така сака“. Во крстоносните војни учествувале мноштво претставници на витешки редови како што биле Болничарите, Темпларите, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонските витези, Малтешкиот ред итн. (Дознајте повеќе...)

Седмица 26, 24.6.2013 - 30.6.2013

Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Чунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од ханските Кинези во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи ву (~ 90 милиони), мин (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како сјанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно. (Дознајте повеќе)

Седмица 25, 17.6.2013 - 23.6.2013
Нилски коњ
Нилски коњ

Нилскиот коњ (латински: Hippopotamus amphibius) од грчкиот збор ἱπποπόταμος (хипопотамос, ιππος хипос што значи „коњ“ и πόταμος потамус што значи „река“), е голем, претежно тревојаден африкански цицач, еден од двата преживеани видови од фамилијата Нилски коњи (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни.

Нилскиот коњ е полуводно животно, кое живее во реките и езерата на потсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 индивидуи), а пасењето е самотна активност.

И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од фамилијата Китовидни (китови, делфини...). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот Кенијапотам датираат од пред 16 милиони години. (Дознајте повеќе...)

Седмица 24, 10.6.2013 - 16.6.2013
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.

Владетелот (италијански: Il Principe) — политичка расправа од фиренскиот чиновник и политички теоретичар Николо Макијавели. Била напишана во 1513 година, и првобитно била насловена „За кнежевствата“ (De Principatibus). Но, книгата не била издадена сè до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа не е претставителна за неговиот творечки опус издаден додека бил жив, но е најпрочуената, како делото одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, како термин со негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира., но ова е спорно.

Делото го проучува стекнувањето на власт, зацврстувањето на неа и употребата на власта. Макијавели не го предвидел делото како академска расправа по политичка теорија, туку за да покаже дека е голем државник, советувајќи како еден владетел да дојде на власт и како да ја задржи власта. Макијавели го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. Според ова, „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Ова е класична студија за власта — нејзиното стекнување, експанзија и нејзина делотворна употреба.

Идеалите на Макијавели за управувањето со државата биле од големо значење за делата на политичките водачи. Макијавели е претставен како лик во поговорот на делото „Малтешкиот Евреин“ од Кристофер Марлоу. Кралот на Прусија, Фридрих Велики упатил остри критики кон Макијавели во неговото дело „Антимакијавели“, издадено во 1740 година. На неколку наврати во животот, Наполеон Бонапарт пишувал опширни коментари за „Владетелот“. По поразот кај Ватерло, овие коментари биле пронајдени во царската кочија и одземени од пруската војска. (Дознајте повеќе...)

Седмица 23, 3.6.2013 - 9.6.2013

Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главниот, и најголем град, е Берлин. Германија има вкупна површина од 357.021 км² и воглавно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100 година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10 век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на 16 век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно Римокатолици, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, чиј исход било обединувањето на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било доминирано од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна Германија и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета. (Дознајте повеќе...)

Седмица 22, 27.5.2013 - 2.6.2013
Улица во Старста скопска чаршија
Улица во Старста скопска чаршија

Стара скопска чаршија (турски: Üsküp Türk Çarşısı, во превод „Скопска турска чаршија“; албански: Çarshia e Vjetër e Shkupit) — трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од XII век. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.

Во чаршијата преовладува отоманската архитектура, иако се забележителни и остатоци од византиската, а во последно време се забележува и примената на модернистичката архитектура. Голем број од градбите кои некогаш служеле како преноќувалишта за трговските патници или како амами за намесниците и управителите во градот се пренаменети и служат како простор за одржување на културно-уметнички настани. На просторот на чаршијата и во нејзината околина се останати и неколку џамии, турбиња, две цркви и саат-кула, а во втората половина на XX век биле изградени и зградите кои го сочинуваат Музејот на Македонија и зградата на Музејот на современата уметност. За развитокот на чаршијата низ историјата, нејзината културна вредност и занаетите кои биле застапени на просторот сведочат предметите изложени во Музејот на Старата скопска чаршија, сместен во рамките на Сули ан. (Дознајте повеќе...)

Седмица 21, 20.5.2013 - 26.5.2013

Ли Куан Ју (роден во 1923) е сингапурски државник. Неговото официјално име е Хари Ли Куан Ју, меѓутоа тој претпочита да го користи името Ли Куан Ју. Тој бил првиот премиер на Сингапур, а со него владеел три децении. Во моментот кога решил да се повлече од власт, имал најдолг стаж во светот како премиерот.

Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Народната акциона партија, која ја предводел низ осум победи (1959-1990), ги надгледувал отцепувањето на Сингапур од Малезија во 1965 и трансформацијата на Сингапур, од релативно неразвиени колонија, во еден од азискиските економски тигри. Тој е еден од највлијателните политички фигури во Југоисточна Азија. Во 1990 година, од страна на вториот сингапурски премиер Го Чок Тонг, бил поставен за сениор министер. Во 2004 година, неговиот син Ли Сјен Лунг станал третиот премиер на Сингапур, а својот татко го поставил за свој советник како министер ментор.

Неговото владеење, преку неколку последователни министерски места во текот на 50 години, е едно од најдогогодишните во историјата. На 14 мај 2011 година, Ли Куан Ју и Го Чок Тонг го најавиле своето повлекување од кабинетот по општите избори од 2011 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 20, 13.5.2013 - 19.5.2013
Арабеска на свод во дворецот Алхамбра во Гранада, Шпанија
Арабеска на свод во дворецот Алхамбра во Гранада, Шпанија

Уметност на исламот или исламска уметност — поим кој се применува за уметнички дела кои се создале од времето на хиџрата (622 г.), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Се распознаваат и други елементи, како на пример истакнувањето на украсните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските украси. Сепак, широкиот спектар на форми и украси, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на исламот, може да се дефинира само како „низа ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“.

Во архитектурата, се создадени градби со специфични функции, како џамии и медреси во најразлични форми, но честопати според една иста основна шема. Иако речиси и да нема уметност на скулптурата, честопати се среќаваат предмети од метал, слонова коска или керамика изработени со голема техничка перфекција. Треба да се подвлече и присуството на едно сликарство и минијатури присутни како во сакралните така и во световните книги. (Дознајте повеќе...)

Седмица 19, 6.5.2013 - 12.5.2013
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.

Генетика (од старогрчки γενετικός генетикос, „да роди“ и од γένεσις генезис, „потекло“) — гранка на биологијата која се занимава со проучување на гените, наследноста и варијацијата кај живите организми.

Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст на клетка или организам (на пример, доминантност и епигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската дистрибуција, варијација и промена во популациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, од вируси до бактерии, преку растенијата и домашните животни, до човекот (како што е во медицинската генетика).

Фактот што живите суштества наследуваат белези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат на селективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата на Грегор Мендел во средината на XIX век. Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени. (Дознајте повеќе...)

Седмица 18, 29.4.2013 - 5.5.2013
Фазите на животниот циклус на Сонцето.
Фазите на животниот циклус на Сонцето.

Ѕвезден развој — процес со кој ѕвездата претрпува редица на радикални промени во текот на своето постоење: од настанувањето до исчезнувањето. Sвездата настанува со гравитациски колапс на џиновски молекуларен облак. При распадот, џиновскиот молекуларен облак се разделува на помали делови. Во секој од овие делови, гасот ослободува гравитациска потенцијална енергија како топлина. Како што растат температурата и притисокот, деловите се згуснуваат во ротирачки сфери од суперврел гас познати како протоѕвезди.

Почетокот на јадреното соединување многу брзо доведува до хидростатичка рамнотежа при што енергијата ослободена од јадрото врши „радијациски притисок“ - ја става материјата на ѕвездата во рамнотежа, и спречува понатамошно гравитациско распаѓање. На овој начин ѕвездата брзо се развива до стабилна состојба, започнувајќи ја главната фаза од нејзиниот развој.

Откако ѕвездата ќе го изгори горивото кое го има, нејзините остатоци можат да бидат во три вида, во зависност од масата што ја имала претходно, и зависно од тоа, ѕвездата се развива во Бело џуџе, Неутронска ѕвезда или во Црна дупка. (Дознајте повеќе...)

Седмица 17, 22.4.2013 - 28.4.2013

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот.

Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109, а Th232 е 1,39 x 1010 години.

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.

Почнувајќи од 1970 година, на 22 април секоја година се празнува Денот на планетата Земја. (Дознајте повеќе...)

Седмица 16, 15.4.2013 - 21.4.2013

Леонард Ојлер (1707–1783) бил швајцарски математичар и физичар, еден од пронаоѓачите на чистата математика. Не само што носел одлучни и формални придонеси во предметите како геометрија, калкулус, механика и теорија на броеви, туку и развил методи за решавање на проблеми во набљудувачката астрономија и демонстрирал корисни употреби на математика во технологијата и во јавниот живот.

Математичката способност на Ојлер ја заслужил онаа на Јохан Бернули, еден од првите математичари во Европа во тоа време, како и на неговите синови Даниел и Николас. Во 1727 се сели во Петроград каде што се вклучува во Академијата на науки во 1733 го надминува Даниел Бернули на полето на математиката.

Ојлер се смета за ненадминат математичар на 18 век и еден од најдобрите на сите времиња. Тој е исто така еден од најпродуктивните: неговите собрани дела исполнуваат 60-80 четвороделни тома. Има направено многу важни откритија во различни полиња, како што се алгебрата и графичката теорија. Исто така го воведува најголемиот дел од модерната математичка терминологија и нотација, особено во делот на математичката анализа, како на пример нотацијата за математичка функција. (Дознајте повеќе...)

Седмица 15, 8.4.2013 - 14.4.2013
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c5 црн пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Сицилијанската одбрана е шаховско отворање кое настанува со потезите: е4 с5.

Сицилијанската одбрана е најпопуларен и најсигурен одговор на потегот 1.е4. Всушност, многу статистички истражувања покажуваат дека најголеми шанси за победа белиот има доколку се отвори со 1.d4, укажувајќи на тоа дека 1...с5 е силен потег против 1.е4. Всушност New in Chess, во едно од своите издданија од 2000 г, тврдеше дека во базата на податоци на одиграните партии, белиот победува со 56,1% сигурност (296.200 партии) отворајќи се со 1.d4, но цели 2 отсто помалку (54,1%) од 349.855 партии отворајќи се со 1.е4. „Главен виновник одговорен за потврдувањето на оваа работа“ беше Сицилијанската одбрана којашто го намали степенот на успешност на белиот на 52,4% од 145.996 партии. Една шестина (околу 17%) од сите партии помеѓу велемајсторите, и една четвртина (25%) од базата на податоци на „Шаховски информатор“ започнуваат со Сицилијанска одбрана. (Дознајте повеќе...)

Седмица 14, 1.4.2013 - 7.4.2013

Чакра (потекнува од санскритскиот cakraṃ चक्रं; кинески: 轮, тибетски: འཁོར་ལོ་; „khorlo“) е санскритски збор кој се преведува како „тркало“ или „вртење“.

Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои, според традиционалната индиска медицина, се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата” или спирали со енергија кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергија. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина) во енергетското тело.

Чакрите најчесто се претставуваат на два начина, во форма на цвет и во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на полупречници го делат кругот на делови со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња. (Дознајте повеќе...)

Седмица 13, 25.3.2013 - 31.3.2013

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот зафаќа површина 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во 9. век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на Ренесансно-хуманистичката култура во 15. век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење, со развојот на регионот во 18. и 19. век, по унификацијата од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала фокусна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 12, 18.3.2013 - 24.3.2013
Леопард сликан во Серенгети, Танзанија.
Леопард сликан во Серенгети, Танзанија.

Леопардот е член на фамилијата мачки и најмал вид од четирите таканаречени големи мачки од родот пантери. Некогаш овој вид бил распространет низ јужна Азија и Африка, од Кореја до ЈАР. Територијата на распространетост се намалувала со тек на времето најмногу поради лов и уништување на природното живеалиште. Денес леопардот главно живее во потсахарска Африка. Постојат и изолирани популации во Пакистан, Индија, Индокина, Малезија и Кина. Поради намалувањето на бројноста на популациите оваа мачка е ставена на списокот на речиси загрозени видови. Бројноста на леопардот е поголема од онаа на останатите членови на Panthera кои имаат покритичен заштитен статус.

Леопардот има релативно кратки нозе и долго тело, со голема глава. Физички најмногу наликува на јагуарот, иако најчесто е помал. Неговото крзно е прошарано со розети, кои немаат внатрешни точки како кај јагуарот. Можат да се сретнат и меланистични леопарди кои или се целосно црни или со многу темна боја. Овие индивидуи се познати под името црни пантери. (Дознајте повеќе...)

Седмица 11, 11.3.2013 - 17.3.2013

Математичката константа π (наречена „Лудолфов број“) е ирационален реален број со приближна вредност од 3,14159. Таа бројка го претставува односот на периметарот на еден круг со неговиот пречник во Евклидовата геометрија. Бројот π се употребува највеќе во математиката, физиката и инженерството, но се користи и во другите науки. Бројот е исто така познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Архимедовата константа се изразувала со дропката 227.

Името на грчката буква π е пи и овој запис се користи во типографски содржини каде што грчката буква не е достапна или каде што нејзината употреба би била проблематична. Константата се нарекува «π» бидејќи е првата буква од грчките зборови περιφέρεια (периферија) и περίμετρος (периметар). (Дознајте повеќе...)

Седмица 10, 4.3.2013 - 10.3.2013

Хамбург е втор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека Метрополитенската областа Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Пристаништето во Хамбург е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот.

Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg). Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото Римско Царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија.

Хамбург е главниот сообраќаен врзол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Станал медиумски и индустриски центар, со фабрики и објекти на Ербас, Blohm + Voss и Aurubis. Радио и телевизискиот јавен медиум Norddeutscher Rundfunk и издавачите, како што се Gruner + Jahr и Шпигел се столбови на важната медиумска индустрија во Хамбург. Севкупно, има повеќе од 120.000 претпријатија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 9, 25.2.2013 - 3.3.2013

Фердинанд I (1861-1948) бил кнез и цар на Бугарија. Тој бил познат и како ботаничар, ентомолог и филателист.

Тој бил син на принцот Август Сакскобургготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 14 февруари 1896 година во Софија бил миропомазан бугарскиот престолонаследник, а потоа уследило признавање на Фердинанд од Русија и западноевропските држави. На 22 септември 1908 во црквата Свети Четириесет маченици се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „Цар на Бугарите“ со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за не им овозможи срамно да биде соборен. На 3 октомври 1908 г. абдицирал во корист на својот најстар син Борис.

Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил. (Дознајте повеќе...)

Седмица 8, 18.2.2013 - 24.2.2013
Внатрешноста на Базиликата.
Внатрешноста на Базиликата.

Папска базилика „Свети Петар“ — црква која се наоѓа во Ватикан. Базиликата е посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот, кој може да собере и до 60.000 верници. Базиликата претставува „мајка-црква“ на Римокатоличката црква и се смета за едно од најсветите христијански места во светот. Во христијанскиот свет, таа е опишана како седиште на сите цркви и како најголема од сите цркви во христијанството. Според католичкото верување, во базиликата е погребан апостол Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос, и според традицијата тој се смета за прв епископ на Рим, односно во подоцнжената традиција и прв папа на Римокатоличката црква.

Според христијанските верувања, во базиликата се наоѓа Гробот на Свети Петар, непосредно пред олтарот во базиликата. Поради оваа причина, многу од папите биле погребувани на тоа место уште од времето на раното христијанство. Првата градба на црквата била изградена во текот на 4 век, односно во времето на Константин Велики. Целосната реконструкција и скоро целиот денешен изглед, базиликата го добила во периодот од 18 април 1506 до 18 ноември 1626 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 7, 11.2.2013 - 17.2.2013

Боја е визуелна перцептивна способност на луѓето спрема категориите наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата на светлосниот спектар со светлосните рецептори во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред се од аспект на нивните физички својства како што се абсорпцијата (впивање), рефлексијата (одбивање) или емитувањето (зрачење) на светлината.

Најчесто, само делови од целиот состав на светлината кои се видливи за луѓето (брановата должина на спектарот од 380 nm до 740 nm, приближно речено) се сметаат за боја, според тоа непристарсно го поврзуваме психолошкиот феномен за боја со физичката спецификација. Бидејќи перцепцијата на бојата доаѓа од различните видови на конусни клетки во мрежницата и оди до различни делови во спектарот, боите можат да се дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки. Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај се не целосно ни ја објаснуваат псхофизичката перцепција на бојата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 6, 4.1.2013 - 10.2.2013

Географијата на Македонија е поим со кој се опфаќаат релјефните, хидрографските и климатските одлики на државата. Македонија е држава во Југоисточна Европа со географски координати 41°50′N 22°00′E / 41.833° СГШ; 22.000° ИГД / 41.833; 22.000 и со вкупна површина од 25.713 км2. Taa има граници од околу 748 км кои ги дели со Србија (62 км) на североисток, Косово (159 км) на север, Бугарија (148 км) на исток, Грција (228 км) на југ и Албанија (151 км) на запад. Земјата претставува голем транспортационен коридор од Западна и Средна Европа до Егејското Море и од Југоисточна Европа до Западна Европа.

Државата е дел од поширокиот регион Македонија по кој таа го носи своето име. Taa e континентална држава (нема излез на море), но има три природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското. Според тоа, има водена површина од 477 км2.

Територијата на Република Македонија е вклучена во првиот часовен појас, кој се протега од 7°30’ до 27°30’ ИГД. Во интерес на заштеда на гориво, електрична енергија, зголемување на работниот ефект и поради други економски причини во многу земји од светот, па така и во Македонија, воведено е летно сметање на времето со одлука на Влада на Република Македонија од 1982 г., и затоа секоја година стрелките на часовникот кон крајот на мај, а почетокот на јуни се поместуваат за 1 час нанапред, а кон крајот на септември или почетокот на октомври тие се враќаат 1 час наназад. (Дознајте повеќе...)

Седмица 5, 28.1.2013 - 3.2.2013

Владимир Комаров (1927-1967) бил советски космонаут, тест-пилоот и инженер, којшто бил еден од првата група на космонаути избрани во 1960 година. Тој бил еден од најискусните и најдобро обучени кандидати коишто биле примени во Првата група на космонаути на СССР.

Во два наврата за време на неговото учество во програмата било потврдено дека Комаров е медицински неспособен за обука или лет во вселената, но неговата упорност и одлични вештини и знаења како инженер му овозможиле да продолжи да има активна улога во програмата. За време на неговата работа во Центарот за подготовка на космонаути (руски: Центр Подготовки Космонавтов), тој дал придонес во дизајнирањето на вселенско летало, обучувањето на космонаути и нивна оценка, како и во односите со јавноста. Најпосле, тој бил назначен да раководи со првиот советски повеќечлен екипаж „Восход 1“, којшто содржел бројни технички новини во Вселенската трка. Комаров подоцна бил задолжен со задачата да раководи со „Сојуз 1“ како дел од обидот на Советскиот Сојуз да победи во битката за освојување на Месечината.

Неговиот лет со „Сојуз 1“ го направил првиот човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, а по судирот на „Сојуз 1“ при враќањето од вселената на 24 април 1967 година и првиот човек којшто загинал за време на лет во вселената. Добитник е на бројни награди и одличја, а во два наврати бил одликуван со орденот Херој на Советскиот Сојуз. Во негова чест биле наречени бројни објекти, улици, астероид и кратер на Месечината. Неговото име се споменува и во бројни уметнички творби, а неговиот лик е отсликан на потештенски марки издадени во повеќе земји низ светот. (Дознајте повеќе...)

Седмица 4, 21.1.2013 - 27.1.2013
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.

Ацтечкиот јазик е американски староседелски јазик, дел од подгрупата на наватлски јазици од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Јазикот го зборуваат околу 1,5 милиони Ацтеци, од кои повеќето живеат во Мексико и дел од нив во Ел Салвадор. Ацтеците во Ел Салвадор се познати како Пипилци. Наватслкиот е сложен јазик во поглед на морфологијата и карактеристично за него е полисинтетичноста и аглутинацијата. Поради тоа, јазикот оперира со голем број сложени зборови со сложени значења изведени со помош на афикси.

Наватлскиот се зборувал во Централно Мексико најрано од VII век. Тој е мајчин јазик на Ацтеците, народ кој доминирал во денешно централно Мексико за време на доцниот посткласичен период на мезоамериканската историја. За време на вековите пред шпанската колонизација на Мексико, Ацтечката империја територијално се проширила и ја зазела скоро целата територија на денешно Мексико и нејзиното влијание довело до издигнување на наватлскиот дијалект од Теночтитлан на ниво на престижен јазик во Мезоамерика. Со шпанското навлегување во регионот, латиницата била воведена во регионот и наватлскиот станал пишан, литературен јазик. Така, за време на XVI и XVII век, голем број на хроники, граматики, поезија, административни документи и кодекси биле напишани на наватлски јазик. Овој ран стандарден јазик заснован на дијалектот од Теночтитлан е означен како класичен навтлски јазик и е еден од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Америка. (Дознајте повеќе...)

Седмица 3, 14.1.2013 - 20.1.2013

Алберто Контадор (роден во 1982) е шпански професионален велосипедист, еден од петте возачи, кои имаат победено на сите три Гранд Тур во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата Дискавери Канал. Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италиа 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италиа 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг. Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања 2012.

Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот. Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро. Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот индивидуален хронометар, Контадор станал подобро на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласман во генералните пласмани.

Кариерата на Контадор е обележана со неколку обвинувања за допинг. Случајот „Операција Пуерто“ ја довела неговата екипа ONCE (целосно неповрзана екипа со моменталната екипа Астана) да се откаже од Тур де Франс 2006 пред тој да започен. На крајот било одлучено дека тој немал никаква врска со случајот, но бил повторно обвинет за допинг по неговата победа на трката следната година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 2, 7.1.2013 - 13.1.2013

Првата балканска војна бил воен конфликт помеѓу Османлиското Царство и членките на Балканскиот сојуз: Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора. Војната започнала на 26 септември (9 октомври по нов стил) 1912 година и завршила на 17 мај (30 мај по нов стил) 1913 година со победа на сојузниците.

Сојузничката победа ставила крај на петвековната османлиската доминација на Балканскиот Полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците. Османлиското Царство ги изгубила своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со источна Македонија потпаднале под бугарска власт. Српската војска ги освоила Косово, северозападна Македонија и во други области, Грција - Епир, бројни острови во Егејското Море и југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор е создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии што живеле во една политичка целина останало неостварено.

Антагонизмот и претензиите над Македонија помеѓу балканските држави довеле до раскинување на Балканскиот сојуз и започнување на Втората балканска војна. Според Карнегиевата анкета, причини за започнување на Првата балканска војна биле: военото и политичкото ослабување на Османлиското Царство, угнетувањето на христијаните, неуспешната борба на Македонската револуционерна организација, противречностите помеѓу големите сили и стремежот на балканските држави за завладување на нови територии. (Дознајте повеќе...)

Седмица 1, 31.12.2012 - 6.1.2013

Природа е поим којшто во најширока смисла означува природна средина, материјален свет. Латинскиот збор за природа е natura, кој е превод од грчкиот физис (φύσις) и означува природни нешта, нешта од природен карактер. Природата се дели на жива и нежива и се разликува од вештачки создадените предмети од страна на човекот.

Концептот за природата како целина, физичка вселена, е едно од неколкуте проширувања на првобитното значење; тој започнал да се користи од страна на претсократовските филозофи и оттогаш се увидела неговата прецизност и започнал нашироко да се употребува. Ваквото поимање на природата е потврдено од современиот научен метод во последните неколку векови.

Денес најчесто во „природа“ се вбројуваат геолошките одлики на Земјата и дивината. „Природа“ може да се однесува на различни видови на живи растенија и животни, а во некои случаи на процесите што се одвиваат кај неживите објекти. (Дознајте повеќе...)

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни