Виза на злото (филм)

филм

Виза на злото — македонски игран филм по сценарио на Славко Јаневски, а во режија на Франце Штиглиц. Снимател бил Бранко Михајловски, а музиката ја компонирал Бојан Адамиќ.[1]

„Виза на злото“
РежисерФранце Штиглиц
СценаристСлавко Јаневски
Главни улогиСлободан Перовиќ
Илија Џувалековски
Ацо Јовановски
Метка Оцвирк
Дарко Дамевски
Петре Прличко
Жанртрилер
МузикаБојан Адамиќ
Премиера1959
Времетраење89 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Премиерата била одржана во 1959 година.

Кратка содржина уреди

Симон, млад човек што решил брзо да се збогати, учествува во шверцувањето на дрога. При една средба со човекот кому треба да му ја предаде стоката ги открива милицијата. Бегајќи, Симон го губи паричникот и претпоставува дека поради тоа неговата самоличност е позната на милицијата.

Калпак, бесрамен човек и организатор на оваа шверцерска група, настојува тој и Симон да заминат од земјата. Симон се согласува незаконски да ја помине границата. Во аферата случајно се вмешуваат Лена, девојка на Симон, и Цветко, негов брат. На пат тргнуваат сите заедно. Лена се обидува да го убеди Симона да се предаде на власта, но аргументите на Калпак, кој манипулира со изгубениот паричник, се појаки. Во обидот сите заедно да го минат езерото со украден чамец и гонети од милицијата, Калпак загинува, Симон е ранет, а девојката Лена ја истура дрогата во езерските води.

Наводи уреди