Виенска Котлина (германски: Wiener Becken, чешки: Vídeňská pánev, словачки: Viedenská kotlina) — котлина сместена меѓу Источните Алпи и Карпатите.

Виенската Котлина на карта (североисточно од Братислава)

Географија уреди

Ова е прилично рамно подрачје со вретенест облик и зафаќа површина од 50 км на 200 км. На север се протега до висорамнината Моравското Поле (Мархфелд) зад Дунав. На југоисток е одделен од Малата Унгарска Низина со Литавските Планини. На запад се граничи со Гутенштајнските Алпи и Виенската Шума во состав на Северните Варовнички Алпи. Реката Дунав навлегува во котлината преку процепот Виенска Врата во планината Леополдсберг, а ја напушта преку Девинска Врата во Малите Карпати источно од Хајнбург.

Од крајот на XII век почнале да се градат тврдините Нов Град во Виена и Хајнбург на југоисточниот и источниот раб како бедем против нападите на Унгарците од подолното течение на Дунав. Сепак, војската на кралот Матеја Корвин успеала да навлезе во котлината за време на Австриско-унгарската војна во 1485 г. и започнала опсада на Виена. Градот претрпел уште две опсади од Османлиите, од кои едната едната во 1529, а другата во 1683 г.

Подрачја уреди

 
Хвојничките Ридови во Словачка

Преку 80% од котлината влегува во австриските покраини Долна Австрија и Виена. Северните теченија на реките Морава и Дија се во Чешка и Словачка. Долж јужниот и западниот раб има извори на геотермална и минерална вода, а со тоа и неколку бањски места како Баден, Бад Феслау и Бад Фишау-Брун.

Делови:

  • Виенска Котлина во потесна смисла. Делот во Чешка се нарекува Долноморавска Долина, а оној во Словачка го носи името Борска Низина и е дел од областа Загорје
  • Моравско Поле (Мархфелд) во Долна Австрија
  • Хвојнички Ридови во Словачка.

Борската Низина и Хвојничките Ридови збирно се нарекуваат Загорска Низина.

Геологија уреди

Геолошките образби на Виенската Котлина се низа седиментни слоеви наталожени за време на неогенот. Котлината настанала со механизам на растргнување[1], и раседот на кој таа лежи е сеизмички активен до денес. Позначајни земјотреси во котлината се оној во Карнунт кон средината на IV век и земјотресот во Нојленгбах од 1590 г.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Plašienka, D., Grecula, P., Putiš, M., Kováč, M. a Hovorka, D., 1997: Evolution and structure of the Western Carpathians: an overview. Mineralia Slovaca - Monograph, Košice, s. 1 – 24

Надворешни врски уреди

48°12′20″N 16°22′26″E / 48.20556° СГШ; 16.37389° ИГД / 48.20556; 16.37389