Видубички манастир

Видубичкиот манастир (украински: Видубицький монастир) е историски манастир кој се наоѓа во украинскиот главен град Киев.

Видубички манастир
Видубицький монастир
Карта
50°25′56″N 30°33′47″E / 50.432098° СГШ; 30.563069° ИГД / 50.432098; 30.563069
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУкраинска православна црква
Мреж. местоhttp://www.monastyr.kiev.ua/
Историја
Основана1070-1077
Основач(и)Всеволод I
Архитектура
СтилУкраински барок

Манастирот бил изграден во периодот помеѓу 1070 и 1077 година од страна на Всеволод I, син на Јарослав Мудриот. Објектот претставувал семеен манастир на нивните потомци.

Легенда за името уреди

Манастирот во денешен Киев, бил именуван по старата словенска легендата за паганскиот бог Перун и на Големиот кнез Владимир Велики. Зборот "Видубички" во превод значи да се излезе од водата. Легендата вели дека Владимир наредил древните стари фигури од Перун, бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија, како и на други пагански богови, да се фрлат во реката Днепар во времето кога Киевска Рус масовно била христијанизирана. Но и покрај ова, жителите на Киев по крштевањето повторно трчале по дожината на реката, извикувајќи старите богови да излезат од водата, односно нивните предмети да бидат извадени од реката. Соодветно на ова, областа во која се појавил Перун била наречена Видубучи.

Историја уреди

Во 1596 годна, односно година кога бил склучен Брестовскиот сојуз, манастирот станал официјална резиденција на три митрополити на Грчката католичка црква во Украина. Во 1635 тој бил вратен на Украинската православна црква.[1] . Само неколку цркви во текот на историјата преживеале до денес. Една од нив е црквата посветена на Свети Михаил, која била изградена по барање на Всеволод I и делумно реконструирани помеѓу 1766 и 1769 година. Комплексот го вклучува и манастирот Свети Ѓорги, кој се одликува со своитр пет куполи.

Наводи уреди

  1. The Vydubytskyi Monastery: A Kyiv landmark worthy of attention, Ukraine Weekly