Видовиште

село во Општина Зрновци

Видовиште — село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани.

Видовиште
Видовиште во рамките на Македонија
Видовиште
Местоположба на Видовиште во Македонија
Видовиште на карта

Карта

Координати 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Регион Кочанско Поле
Општина Зрновци
Население 234 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13005
Надм. вис. 482 м. м
Видовиште на општинската карта

Атарот на Видовиште во рамките на општината
Видовиште на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во јужниот дел на Кочанско Поле, меѓу левата страна на реката Брегалница и северозападните огранки на Плачковица. Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Кочани населбата е оддалечена 12 километри. Атарот зафаќа површина од 8,3 км2.[2] Низ селото тече Видовишка Река.

Историја уреди

Селото во XIX век било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 520 жители, од кои 500 Турци и 20 Роми.[3] Сепак, бугарскиот публицист Димитар Мишев во 1905 година забележал дека селото имало и 64 христијани (Македонци).[4]

Стопанство уреди

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948515—    
1953623+21.0%
1961667+7.1%
1971681+2.1%
1981585−14.1%
ГодинаНас.±%
1991551−5.8%
1994541−1.8%
2002494−8.7%
2021234−52.6%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 100 Турци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 494 жители, од кои 481 Македонец и 13 Власи.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 225 Македонци, 2 Власи и 7 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 515
1953 469 82 32 39 1 623
1961 618 ... 49 667
1971 681 681
1981 629 14 585
1991 529 22 551
1994 518 23 541
2002 481 13 494
2021 225 2 7 234

Родови уреди

Видовиште е македонско-влашко село, а во минатото во селото имало и турски и ромски родови.

  • Турски родови биле: Мустафовци (1 к.), Али Агини (1 к.) и Али Даутовци (1 к.), а до крајот на турското владеење имало многу повеќе турски родови, кои во селото се населиле во XVIII век.
  • Влашки родови: Атанас (1 к.), Ѓорге (1 к.), Косто (1 к.), Санто (1 к.) и Ташко (1 к.) населени се 1925 година на земја и куќи кои ги купиле од иселените Турци.
  • Македонски родови: Анѓеловци (5 к.), Пешовци (3 к.), Младеновци (2 к.) и Арсовци (1 к.) доселени се од селото Конопница, Кривопаланечко; Миладиновци (5 к.), Станковци (2 к.), Радојковци (2 к.), Павлевци (1 к.) и Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Добровница, кривопаланечко; Јаќимовци (1 к.) и Анѓеловци (1 к.) доселени се од селото Осиче, кривопаланечко; Димитровци (1 к.) доселени се од селото Подржи коњ, кривопаланечко; Вучковци (1 к.) доселени се од селото Кркља, кривопаланечко; Анѓеловци (4 к.), Митковци (1 к.), Јаќимовци (1 к.), Шунда (1 к.), Смилковци (1 к.), Станојковци (1 к.) и Бошковци (1 к.) доселени се од селото Црцорија, кривопаланечко; Јордановци (3 к.) доселени се од селото Мождивњак, кривопаланечко; Пауновци (2 к.), Диле (1 к.), Ристевци (1 к.), и Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Дурачка Река, кривопаланечко; Станојевци (2 к.) и Божиловци (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол, кривопаланечко; Анчевци (1 к.) и Китановци (1 к.) доселени се од селото Дренак, кривопаланечко; Митевци (2 к.) доселени се од селото Киселица, кривопаланечко; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Длабочица, кривопаланечко; Стојанчевци (1 к.) доселени се од селото Узем, кривопаланечко; Стојменовци (2 к.) доселени се од селото Железница; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Крива Јаболка; Стојиловци (3 к.) доселени се од селото Ново Село, Радовишко; Димитријевци (2 к.), Петровци (2 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од селото Костин Дол; Стојан Говедар (1 к.), Арсовци (1 к.) и Темелковци (1 к.) доселени се од селото Главовица; Доневци (3 к.) доселени се од селото Саса, кај Македонска Каменица; Крстевци (2 к.) и Спасевци (2 к.) доселени се од селото Цера, кај Македонска Каменица; Даневци (1 к.) доселени се од селото Длаги Дол; Постоловци (1 к.) доселени се од селото Небојани. Македонски родови се доселени почнувајќи од 1926 година па до крајот на 50-тите.
  • Ромски род: Караци (2 к.) православни се, и зборуваат на македонски, доселени се од селото Радибуш.
  • Македонско муслимански род: Велиовци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото Стар Истевник, кај Делчево.[8]

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 888 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.[9]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 348 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[11]

Поврзано уреди

Иселеништво уреди

Околу 70 турски семејства од ова село се имаат иселено во Турција до 1955 година.[8]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр. 44.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. стр. 124-125–126-127.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  10. „архивски примерок“. rezultati.sec.mk. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 2020-09-30.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди