Вечер (дневен весник)

Вечер“ — македонски дневен весник со седиште во Скопје. Првиот број излегол во 1963 година, со што овој весник е втор најстар весник во Македонија, по весникот Нова Македонија. Од своето основање има карактер на дневен магазин со нагласено почитување на кратки текстови, фотографии и хумористичен дел. Директор е Бобан Богдановски Андрески, додека главен и одговорен уредник е Весна Миќиќ Божиновска.[1]

ВЕЧЕР
Првиот број на весникот.
ТипДневен весник
ФорматБ2
УредникВесна Миќиќ Божиновска
Основан1963
Јазикмакедонски
СедиштеМито Хаџи-Василев Јасмин б.б. Скопје
Тираж10.000 (август 2015)
СтраницаОнлајн издание

Напомена уреди

При последната промена на сопствениците на весникот, адресата www.vecer.mk останала во сопственост на Драган Павловиќ Латас, последниот уредник на весникот пред промената на сопственичката структура. Поради тоа, на таа адреса сега постои портал со име „Вечер“ кој не е поврзан со дневниот весник.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди