Ветаутал (германски: Wethautal) — општинска заедница во округот Бургенланд во Саксонија-Анхалт, Германија. Пред 1 јануари 2010, била Амт. Сместена е по текот на малата река Ветау, притока на Зале, југоисточно од Наумбург. Седиштето на општинската заедница е во Остерфелд.

Општинската заедница Ветаутал се состои од следниве општини:

  1. Мајневе
  2. Мертендорф
  3. Молауер Ланд
  4. Остерфелд
  5. Шенбург
  6. Штесен
  7. Ветау

Координати: 51°04′36″N 11°55′59″E / 51.07667° СГШ; 11.93306° ИГД / 51.07667; 11.93306