Ветау (германски: Wethau) — општина во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија.

Ветау
Црква во Ветау
Црква во Ветау
Црква во Ветау
Ветау во рамките на Германија
Ветау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Бургенланд
Општ. заед. Ветаутал
Градоначалник Улрих Валтер
Основни податоци
Површина 7,44 км2
Надм. височина 168 м
Население 881 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 118 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BLK
Пошт. бр. 06618
Повик. бр. 03445
Местоположба на Ветау во рамките на округот Бургенланд
Карта
Карта
Координати 51°7′59″N 11°52′0″E / 51.13306° СГШ; 11.86667° ИГД / 51.13306; 11.86667

Географија уреди

Општината лежи во северниот дел од заедницата на оштини Ветаутал и е сместена меѓу општините Шенбург на север и Мертендорф на југ. Административниот центар на заедницата се наоѓа на околу 4 километри југоисточно од градот Наумбург. На исток, заедницата е поврзана со градот Тојхерн.

Ветау се наоѓа на надморска висина од 168 метри. Површината на општината изнесува 7,4 км2. Во местото живеат 1.018 жители, а просечната густина населението е 137 жители/км2.

Знаменитости уреди

Значајна знаменитост на местото е селската црква, која е сместена на височинка и била изградена на почетокот од 19. век. Исто така, препознатлива е и дворската порта на градбата „Улица на мирот 20“. Портата е подигната во 1667 година, а во 1791 била обновени со додавање на натпаси и украсување со релјефи на фигури.[2]

Наводи уреди

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
  2. *Dehio, Kunstdenkmäler, Sachsen-Anhalt II, стр. 870

Надворешни врски уреди