Веселчани

село во Општина Прилеп

Веселчани — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.

Веселчани

Поглед на селото Веселчани од пругата Прилеп - Битола

Веселчани во рамките на Македонија
Веселчани
Местоположба на Веселчани во Македонија
Веселчани на карта

Карта

Координати 41°16′19″N 21°26′30″E / 41.27194° СГШ; 21.44167° ИГД / 41.27194; 21.44167
Општина  Прилеп
Население 36 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20014
Веселчани на општинската карта

Атарот на Веселчани во рамките на општината
Веселчани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Пелагонија, во јужниот дел на Прилепско Поле. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Алинци на исток, Тополчани на југ, Загорани на запад и Галичани на север. Оддалечено е 14 километри јужно од Прилеп.

Историја уреди

Подрачјето на Веселчани е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Старо Село на околу половина километар јужно од селото.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948333—    
1953344+3.3%
1961361+4.9%
1971319−11.6%
1981273−14.4%
ГодинаНас.±%
1991125−54.2%
1994121−3.2%
200298−19.0%
202136−63.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Веселчани живееле 350 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Веселчани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Веселчани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Во 1961 година селото има 361 жител, додека во 1994 година има само 121 жител.

Според пописот во 2002 во селото има 98 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 34 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 160 333 344 361 319 273 125 121 98 36
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Веселчани е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Веселчани се:

  • Доселеници: Момировци (7 к.), доселени се од селото Света во Железник, доселени се во ХVIII век, во Света имале 300 кози, и затоа на нив нападнале арамии, и потоа решиле да се преселат во Веселчани. Го знаат следното родословие: Илија (жив на 70 г. во 1951 година) Томе-Димитрија-Миле-Кочо кој се доселил; Опашиновци (11 к.), доселени се однекаде, една нивна гранка се вика Газијановци; Пашовци (4 к.) и Марковци (4 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде; Дошлаковци (2 к.), доселени се однекаде; Мојсовци (7 к.), доселени се во турско време од Беровци. Порано се викале Маѓанци, можеби подалечно потекло имаат од областа Мат во Албанија (?); Бришковци (3 к.), доселени се во турско време од Вардино во Железник; Јошмановци (2 к.) доселени се во турско време од Загорани, таму припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од некое село во Железник.[13]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1501 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Горник — некропола од доцноантичко време
  • Старо Село — населба од доцноантичко време

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Стојковци(1 к.) се иселени во Ерековци, Веселчанци (1 к.) живеат во Боротино, Милошевци (1 к.) иселени се во Алдинци. И неколку семејства се иселени во Прилеп.[13]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 290. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 331–332.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди