Вера Ѓошева Бабунска (21 март 1920, во Велес2 ноември 1999, Скопје) — македонска револуционерка.[1]

Вера Ѓошева Бабунска
Родена 21 март 1920
Велес, Македонија
Починала 2 ноември 1999(1999-11-02) (возр. 79)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Позната револуционерка, учесничка во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940)

Животопис уреди

Вера Ѓошева Бабунска е револуционерка, учесник во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940). По окупацијата работела со жените од Велес за нивно вклучување во НОД. Во 1942 г. била двапати затворана, а потоа во декември интернирана во Белогратчичко, Бугарија. Во истата година повторно била осудена на 15 години строг темничен затвор. Казната ја издржува во затворот во Стара Загора. Од септември 1944 г. е борец на бригадата „Гоце Делчев“. По војната работи како банкарски службеник. Носител е на Партизанска споменица 1941 година.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓошева Вера Бабунска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 112. Text "series " ignored (help)