Вента (река)

река во Литванија и Латвија

Вента (латвиски и литвански: Venta, германски: Windau, полски: Windawa, ливонски: Vǟnta joug) — река во северозападна Литванија и западна Латвија. Извира кај Куршенај во Шјауљајскиот округ, Литванија, а истекува во Балтичкото Море кај Вентспилс во Латвија.

Вента
Изворно имеVenta  (латвиски)
Местоположба
Физички особености
УстиеБалтичко Море кај Вентспилс, Латвија.
Должина346 км (178 км во Латвија)
Особености на сливот
Устието на Вента во Вентспилс

По течението се сместени градовите Мажејкјај (Литванија), Кулдига и Вентспилс (Латвија). Позначајни притоки се Абава, Вирвите и Вардува.

Помала притоки е Авижлис[1] која се влева во Вента кај општината Акмене во Шјауљајскиот округ, северна Литванија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Класификација на реките и барите во Република Литванија“ (PDF). Министерство за животна средина на Литванија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-03-29. Посетено на 2011-11-03. (литвански)

Надворешни врски уреди

57°23′44″N 21°32′40″E / 57.39556° СГШ; 21.54444° ИГД / 57.39556; 21.54444