Венечно-преднонепчена согласка

Венечно-преднонепчена согласка (алвеопалатал) е согласка чија творба се случува измеѓу преднојазичните и среднојазичните согласки. На полната табела на МФА, венечно-преднонепчените согласки се сместени помеѓу свиените и преднонепчените согласки, но поради „немање на доволно простор“.[1] Ледифогид и Медисон ги карактеризираат како палатализирани (омекнати) задновенечни гласови (омекнати преднонепчено-венечни гласови) што се создаваат со рамниот дел од јазикот зад забиот венец и главнината од јазикот повишена кон тврдото непце,[2], додека Ислинг ги опишува како издадени преднонепчени гласови (претпреднонепчени), (најнапред од сите среднојазични согласки), што се создаваат со главнината на јазикот кога се доближува до забниот венец.[1] Овие описи се практично истоветни, бидејќи во контактот се вклучени и рамниот и основниот дел (но без врвот) од јазикот. Доволно се напред за струјните и слеаните гласови да бидат шушкави, па затоа воедно се и единствените шушкави од среднојазичните согласки.

Пресечен приказ на венечно-преднонепчен струен глас
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Шушкави венечно-преднонепчени согласки уреди

Венечно-преднонепчените шушкави согласки се застапени во кинеските јазици како мандаринскиот, хака и ву, други јазици од источноазискиот јазичен сојуз како јапонскиот и корејскиот, словенски јазици како спрскохрватскиот, полскиот, рускиот и северозападните кавкаски јазици како апхаскиот и убишкиот. Според Меѓународната фонетска азбука, постојат следниве венечно-преднонепчени согласки:

МФА Опис Пример
Јазик Правопис МФА Значење
ɕ безвучна венечно-преднонепчена струјна согласка мандарински 小 (xiǎo, сјао) [ɕiɑu˨˩˦] мал
ʑ звучна венечно-преднонепчена струјна согласка полски zioło [ʑɔwɔ] билка
t͡ɕ безвучна венечно-преднонепчена слеана согласка српскохрватски кућа / kuća [kut͡ɕa] куќа
d͡ʑ звучна венечно-преднонепчена слеана согласка српскохрватски ђаво / đavo [d͡ʑâʋoː] ѓавол

Буквите ⟨ɕ⟩ и ⟨ʑ⟩ се во суштина истоветни на ⟨ ʃʲ⟩ и ⟨ʒʲ⟩. Тие се шушкави хомолози на претпреднонепчените струјни гласови [ç̟] и [ʝ̟].

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 John Esling, 2010, "Phonetic Notation". In Hardcastle, Laver, & Gibbon, eds, The Handbook of Phonetic Sciences, стр. 693
  2. Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. стр. 153–154. ISBN 978-0-631-19815-4.
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.


Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.