Велибор Глигориќ (Рипањ, 28 јули 1899 - (Белград, 3 октомври 1977) – книжевен критичар и историчар, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (25 јули 1969).[1]

Велибор Глигориќ
Велибор Глигорић
Роден 28 јули 1899
Рипањ
Починал 3 октомври 1977
Белград
Националност Србин
Занимање критичар, историчар, академик

Животопис уреди

Глигориќ дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1924 година и потоа бил службеник во Министерството за трговија и индустрија. Во времето на Втората светска војна бил уапсен и депортиран во Германија. По Ослободувањето бил директор на Драмата, управник на Народното позориште и управник на Југословенското драмско позориште во Белград, редовен професор на Катедрата за југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав.[1]

Творештво уреди

  • Критике, Београд, 1926;
  • Лица и маске, Београд, 1927;
  • Полемике, Београд, 1930;
  • Књижевне магле, Београд, 1932;
  • Српски реалисти, Београд, 1954;
  • Биће позоришта, Београд, 1977.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 365. ISBN 978-608-203-023-4.