Веле Смилевски (р. 6 мај 1949 во Ново Село) — македонски поет, есеист, литературен критичар, професор, научен работник и бивш најдолгогодишен во историјата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, заедно со Раде Силјан.

Проф. д-р Веле Смилевски
Роден/а6 мај 1949
Ново Село, Демирхисарско
Занимањепоет, есеист, литературен критичар, научен работник и професор
НационалностМакедонец
ПериодЧетврта генерација повоени македонски писатели
ДецаГоце Смилевски

Животопис уреди

Роден е на 6 мај 1949 г. во Ново Село, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот Универзитет магистрирал и докторирал. Бил новинар во Нова Македонија, уредник во книгоиздателството „Мисла“ и МРТВ. Бил акредитиран новинар на Македонското радио, дописник од Прага (1994-1997)[1]. Застапен е во антологии на македонската поезија објавени во Шведска, Чешка, Полска, Шпанија, Турција, Русија, Англија, Словачка, Италија и Србија.[2]

Работи како научен советник во Институтот за македонска книжевност и е доцент на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Остварил студиски престој на универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1989-1990) и бил лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994-1997).

Бил главен уредник е на списанието „Синтези“[3], претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979) и секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија. Во друштвото членува од 1972 г., а бил и негов долгогодишен претседател.

Членува и во Македонскиот ПЕН центар, Здружението на новинарите на Македонија и на Руската академија на науките и уметностите.

Библиографија уреди

Смилевски е автор на книгите:

Поезија:

  • „Слика што согорува“ (Мисла, 1974);
  • „Кафез“ (Мисла, 1978);
  • „Диши длабоко“ (Мисла, 1985);
  • „Одзив на здивот“ (Македонска книга, 1987);
  • „Икра во славината“ (Мисла, 1989);
  • „Подвижни точки“ (Култура, 1990);
  • „Гребнатинки“ (Култура, 1995);
  • „Педесет песни“ (Макавеј, 2000);
  • „Педесет допевања“ (Дијалог, 2005);
  • „Совршена тишина“ (Дијалог, 2009);
  • „Час по поезија“ (Дијалог, 2010);
  • „Забранета книга“ (Дијалог, 2011);
  • „Век за самување“ - поема (Детска радост, 2012);
  • „Век за приказ“ (Дијалог, 2013);

Прозни книги:

  • „Полицајка в кревет“ - роман (Дијалог, 2012);[4]
  • „Дневникот на полицајката“ - роман (Дијалог, 2015);

Литературна критика и есеистика:

  • „Крстопати на зборот“ (Мисла, 1987);
  • „Критички нотес“ (Македонска книга,1988);
  • „Поетика на сонот“ - студија, магистерски труд (Студентски збор, 1988);
  • „Книжевни посланија“ (Студентски збор, 1991);
  • „Процеси и дела“ (Македонска книга, 1992);
  • „Аспекти на македонската книжевност 1945-1985“ - книжевно-историска студија, докторска дисертација (Култура, 1993);
  • „Фокусирања“ (Матица Македонска, 1998);
  • „Литературни студии - Творештвото на Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Горан Стефановски (Култура, 2000)
  • „Есеи“ (Институт за македонска книжевност, 2001)
  • „Поетски текови“ (Штрк, 2002)
  • „Димитар Митрев - Фотомонографија (Дијалог, 2004)
  • „Димитар Митрев како полемичар“ (Дијалог, 2006)
  • „Шеесет години македонски роман (Дијалог, 2012)

Новинарство:

  • „Новинарски лексикон“
  • „Аспекти на новинарската теорија и практика - жанрови“ (1999);
  • „Новинска критика“
  • „Илјада новинарски термини“ (На македонски, англиски, француски, германски и руски јазик)
  • „Основи на новинарската теорија и практика“

Антологии:

  • „Македонската поезија во светот“ (Дијалог, 2002)
  • „Македонскиот расказ во светот“ (Дијалог, 2010)
  • „Современа македонска поезија“

Составувач и приредувач на книгите:

  • „Македонската книжевност во книжевната критика“ - петтомна едиција (1973) - косоставувач;
  • „Македонски писатели“ (ДПМ, 1987) - косоставувач;
  • „Македонска поезија XX век“ (Македонска книга, 1989) - приредувач;
  • „Македонскиот расказ“ (Македонска книга, 1990) - приредувач;
  • „Творештвото на Ацо Шопов“ - Зборник (Институт за македонска книжевност, 1993) - приредувач;
  • „Творештвото на Владо Малески“ - Зборник (Институт за македонска книжевност, 1999) - приредувач;

Награди и признанија уреди

Веле Смилевски е добитник на наградите:

  • „Млад Борец“ - за поетската книга „Слика што согорува“ (1974);[5]
  • „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија за серија новински литературни критики (1982);
  • „13 Ноември“ - за стихозбирката „Диши длабоко“ (1985);
  • Награда за најдобра литературна критика во Македонија (1988);
  • Ацо Шопов (награда)“ - за поетската книга „Педесет допевања“ (2005)
  • „Велја кутија“ - за поетската книга „Совршена тишина“ (2009);
  • „Гоцева повелба“ - награда на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“ (2010);
  • „Браќа Миладиновци“ - за поетската книга „Забранета книга“ (2011);[6]
  • „Златен прстен” - награда на Книгоиздателството „Феникс“ (2012);[7]
  • „Григор Прличев“ - за најдобра поема (2012)
  • „11 Октомври“ (2012)[8]
  • Орден за поезија „Сергеј Есенин“ - Сојуз на писателите на Русија (2013)[9]

Наводи уреди

  1. http://www.pen.org.mk/mk/members/167-vele-smilevski[мртва врска]
  2. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B1B4363451123241B2FD0B4AC9F63242[мртва врска]
  3. акад. Блаже Ристовски, Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009 (1383 стр.)
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-20. Посетено на 2013-01-15.
  5. http://www.iml.ukim.edu.mk/index.php/mk/vraboteni/2011-07-25-10-32-59/239-2011-08-04-11-30-25[мртва врска]
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-01-15.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-01-16.
  8. Петмина добитници на наградата „11 Октомври“[мртва врска] „Утрински“
  9. Веле Смилевски добитник на рускиот орден „Сергеј Есенин” за поезија[мртва врска] - Дневник