Велепредавство — дело кое се смета за страшно предавничко и неверно кон сопствената земја или владетел. Најдобри примери се учество во војна против својата земја, обид за рушење на владата и обид за убиство на владетелот. За ова злодело речиси секогаш се изрекувала смртна казна, која се изведувала јавно.

Историски, во Англија се правело разлика помеѓу велепредавство и ситно предавство, кое е обид за убиство на законски претпоставено лице (како слуга кој убива господар). Ова се сметало за посериозен степен на убиство. Меѓутоа, денеска терминот „предавство“ обично се изедначува со „велепредавство“. Во некои земји законот не прави разлика помеѓу нив — на пример, Уставот на САД го дефинира предавството како нешто што историски би се нарекло велепредавство.

Во Канада пак, законот прави разлика момеѓу нив, но всушност и двете се однесуваат на историското „велепредавство“.

Поврзано уреди