Велебит (италијански: Alpi Bebie) е најдолга (145 km), но според надморската височина четврта планина во Хрватска. Пониска е од планините во Загора - Динара (1831 м), Камешница (1809 м) и Биоково (1762 м). Велебит има ширина од 10 до 30 км, површината му е околу 2200 км2, а највисокиот врв е Вагански Врв (1.757 м). Припаѓа на Динаридите.

Велебит
Тунелот Свети Рок кој минува под Велебит.
Највисока точка
Надм. вис.1757 м
Географија
Велебит на карта

Карта

МестоХрвтска
Матичен венецДинариди

Се наоѓа долж Велебитскиот Канал, на дел од Јаднранското Море, од Вратник над Сењ на северозапад, до кањонот на реката Зрмања на југоисток. Велебит е обиколен од Гацко Поле, Личко Поле, Грачачко Поле, како и со реките Гацка, Лика и Отуча.

Поделба уреди

Вообичаено, Велебит се дели на:

  • Северен Велебит, започнува од Вратник и завршува Велики Алан, над приморската населба Јабланац. Има должина од околу 30 км, а најголемата широчина изнесува до 30 км.
  • Среден Велебит, завршува кај Башка Оштарија од каде поминува патот КарлобагГоспиќ. Има должина од околу 24 км, а најголемата широчина изнесува до 20 км.
  • Јужен Велебит, завршува кај Мали Алан, на стариот пат кој ги поврзува Обровац и Ловинац. Има должина од околу 46 км, а најмалата широчина изнесува околу 10 км.
  • Југоисточен Велебит, завршува кај кањонот на реката Зрмања. Должината му е околу 40 км.

Ваквата поделба се заснова врз географските, морфолошките, релјефните и биолошките одлики на одделни делови од планината. Линиите водат долж превоите каде минуваат патиштата што ја спојуваат внатрешноста со приморскиот дел.

Врвови на Велебит уреди

Заштитени зони уреди

На Велебит се наоѓаат неколку предели заштитени со закон. Целото подрачје е заштитено како парк на природата, а Северен Велебит и Пакленица се прогласени за национални паркови. Во внатрешноста на Северен Велебит се наоѓаат и посебно заштитените резервати, Хајдучки и Рожански кук. Останати заштитени подрачја се: Мирила, Премужиќевата патека, резерват на шумската вегетација Штировача, а предложени за заштита се: Сењска драга, Наџак било, Мали Рајинац, Велики Козјак, Штировача II, Девчиќа тавани, Рамино корито, Добри-бачиќ кук, Будаково брдо, Велинац и стеблото на обичната елка.[1]

Останати информации уреди

Најпознат растителен ендемски вид е велебитската дегенија (Degenia velebitica), која се наоѓа на монетата од 50 липи. Првпат била опишана и класифицирана од ботаничарот Арпад Деген, и по него го добила името. На Велебит се наоѓаат и најдлабоките спелеолошки објекти во Хрватска: Лукина јама, длабока 1.392 м (од височина 1.436 м до длабочина од 81 м) и Словачка јама 1.320 м.

За планинарите на Велебит уредени се патеки кои се обележани, и кои ги поврзуваат околните места и планинарските домови на планината. Според своите одлики, уреденоста и посетеноста, се издвојува патеката градена меѓу двете светски војни, а ги поврзува планинарскиот дом Завижан, Велики Алан и Оштариска врата, односно минува долж Северен и Среден Велебит.

Планината претставува значајна препрека во комуникацијата меѓу северна и јужна Хрватска. Современ патен систем е изграден дури во 2003 година, со пробивање на тунелот Свети Рок. Крај подножјето на Велебит минува и Јадранската магистрала, кој во овој дел е позната по острите кривини, како и честите затворања во текот на зима.

Велебит се појавува во патриотската хрватска песна „Вилата на Велебит“.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди