Вашингтон Визардс

Вашингтон Визардс (англиски: Washington Wizards) е професионален кошаркарски клуб од градот Вашингтон. Тие настапуваат во Југоисточната дивизија (Источна Конференција) од НБА лигата. Под сегашното име се водат од 15 мај 1997 година. Неговиот дотогашен и сѐ уште актуелен сопственик решил да го премести седиштето на тимот во салата Веризон која се наоѓа во центарот на Вашингтон.

Вашингтон Визардс
Вашингтон Визардс лого
Вашингтон Визардс
лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Југоисточна дивизија
Основан 1961
Историја Чикаго Пакерс
(1961—1962)
Чикаго Зефирс
(1962—1963)
Балтимор Булетс
(1963—1973)
Кепитал Булетс
(1973—1974)
Вашингтон Булетс
(1974–1997)
Вашингтон Визардс
(1997–денес)
Арена Вериозн Центар
Град Вашингтон
Тимски бои                    
Сопственик/ци Тед Леонис
Генерален менаџер Ерни Ганфрид
Тренер Ренди Витман
Шампиони 1 (1978)
Конференциски титули 4 (1971, 1975, 1978, 1979)
Дивизиски титули 7 (1969, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1979)
Пензионирани броеви 4 (10, 11, 25, 41)
Мрежно место WashingtonWizards.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Историја уреди

1997-2001 уреди

Во сезоната 1997-1998 Визардс го размениле Крис Вебер за Мич Ричмонд кој заедно со Род Стрикленд требало да ја даде потребната динамика на тимот, за со крилото Џуван Хауард да се оформи трио кое ќе биде продуктивно. Но, успехот на тимот изостанал и Вашингтон ја завршил сезоната со место подолу на табелата во однос на претходната сезона.

Тимот добил нов претседател за кошаркарски операции, во легендата Мајкл Џордан.[1] Се направиле измени во тимот сè со цел оваа сезона да се влезе во плејофот. Се извршила трампа на неколку играчи. На центарската позиција пристигнал Ајзак Остин кој не се покажал како успешен центар и затоа набрзо по пристигнувањето во тимот ја загубил почетната позоција од Џахиди Вајт. Но и со разните измени и пристигнувања на нови играчи, Вашингтон неуспева да се пласира во плејофот.

Пристигнал Ричард Хамилтон кој оваа сезона ја завршува како најпродуктивен стрелец во тимот. Исто така и по одиграни минути по меч е прв, како и по погодени слободни фрлања. Во тимот се и Крис Витни кој води по постигнати асистенции и Кортни Александар кој ја завршил сезоната како четврти стрелец помеѓу руки играчите. Но и покрај ова тимот ја има втората по ред најслаба сезона во неговата историја со само 19 победи.[2]

Играчи уреди

Моментален ростер уреди

Вашингтон Визардс
К 1   Адмирал Скофилд
П 2   Џон Вол
Б 3   Бредли Бил  
П 4   Ајзеа Томас
П 5   Џастон Робинсон
К 6   Трој Браун
К 8   Руи Хачимура
Ц 13   Томас Брајант
П 14   Иш Смит
К 17   Исак Бонга
Ц 21   Мориц Вагнер
Ц 28   Ијан Маинми
Б 34   Си Џеј Мајлс
КЦ 42   Давис Бертанс
Б 52   Џордан МекРеј
Главен Тренер:   Скот Брукс
  - Капитен
Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило /
Б - Бек / П - Плејмејкер

Наводи уреди

  1. DuPree, David (12 февруари 2002). „NBA's brightest stars set to collide“. USA Today. Посетено на 14 јули 2011.
  2. „Jordan's top 10 countdown“. USA Today. 17 април 2003. Посетено на 14 јули 2011.

Надворешни врски уреди