Ватилак

село во Солунско, Егејска Македонија

Ватилак (грчки: Βαθύλακκος, Ватилакос) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.316 жители (2011).[2]

Ватилак
Βαθύλακκος
Ватилак is located in Грција
Ватилак
Ватилак
Местоположба во областа
Ватилак во рамките на Илиџиево (општина)
Ватилак
Местоположба на Ватилак во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.10′N 22°42.32′E / 40.76833° СГШ; 22.70533° ИГД / 40.76833; 22.70533Координати: 40°46.10′N 22°42.32′E / 40.76833° СГШ; 22.70533° ИГД / 40.76833; 22.70533
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКаваклиево
Надм. вис.&10000000000000110000000110 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.316
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 11

Географија уреди

Селото се наоѓа во областа Вардарија на Солунското Поле, 30 км северозападно од Солун и а км северно од Каваклиево, крај магистралата Солун - Скопје (А1).[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во 1860 г. во селото е подигната црквата „Св. Никола“.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Варти лак (Varti-lac) било село со 257 домаќинства од 1.298 жители Македонци.[5][6]

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Ватилак (Кади Ќој) живееле 600 Македонци христијани.[5][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ватилак (Vatilak) имало 640 Македонци,[5] сите под врховенството на Бугарската егзархија, и во него работело бугарско училиште.[8]

Во Грција уреди

Во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Иако прилично настрадал во Втората балканска војна, во Ватилак истата 1913 г. се заведени 412 жители, сите Македонци. Поради неподносливиот однос на грчкиот режим, во 1914 г. голем дел од населението се иселило во Бугарија, поради што на пописот од 1920 г. се избројани само 76 лица.[3] Во 1921 г. грчките власти доселиле неколку грчки семејства од Бугарија (Северна Тракија) и Источна Тракија.[2] Истата година е отворено грчко основно училиште.[2] Од доселениците, највеќето биле од смирненското село Севдиќој — околу 150 семејства.[2][9][10] Доведени се и Грци од други делови на Западна Мала Азија — Али Ага и Арап Чифлик во Менеменско, Колдере во Маниско, Чешнир во Бурсенско, и полуостровот Карабурун (Еритреја).[2] Во 1928 г. Ватилак е заведен како дојденско село со 250 семејства од вкупно 997 грчки доселеници.[11]

Во 1940 г. нараснало на 1.483 жители, а во 1951 г. на 1.497. Во следните десетлетија продолжило да се зголемува — на 1.625 во 1961, 1.657 во 1971 и 1.852 во 1981 г. На пописот во 1991 г. во Ватилак живееле 2.138 лица, по што нивниот број во 2001 г. изнесувал 2.198, а во 2011 г. бил 2.136 лица.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.483 1.497 1.625 1.657 1.852 2.138 2.198 2.316
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Главно занимање на селото е одгледувањето на памук, жито, бостан и други земјоделски производи. Особено е развиено и краварството.

Родени во Ватилак уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Βαθύλακκος“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 313.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/54218/1193/28-10-1994 - ΦΕΚ 909/Β/8-12-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 18 октомври 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp 218-219.
  9. „Δήμος Αγίου Αθανασίου“. Архивирано од изворникот на 2010-05-11. Посетено на 2019-11-14.
  10. Δημοτικό Σχολείου Βαθυλάκκου. Ιστορία του χωριού
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 213.