Васил Димитров Хаџи-Кимовмакедонски револуционер и јавна личност, деец на Македонската младинска тајна революционна организација, Внатрешната македонска революционна организација (Обединета) и на Бугарските акциони комитети.

Животопис уреди

Васил Хаџикимов е роден на 29 октомври 1903 година во штипското Ново Село, тогаш во Отоманското Царство. Роднина е на револуционерот Владислав Ковачев. После окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија од Србија завршува српска гимназија, во којашто уште од 8-ми клас се присоединува кон СКЈ. Уапсен е од српската полиција, заради распространуваната од него книга на Коста Новаковиќ „Македонија на Македонците! Земјата на земјоделците!“. Во почетокот на 1920-те Хаџи-Кимов ја напушта СКЈ и се присоединува кон Македонската младинска тајна революционна организација, откако комунистите откажуваат да потпомогнат во решавањето на македонското прашање.

Во текот на 1925 година се префрлил во Софија и станува член на новосоздадената Внатрешна македонска револуционерна организација (Обединета), а заедно со студентите Коста Веселинов, Димитар Шарланџиев, Асен Чаракчиев, М. Иванов и Кирил Николов учествува во нивната блиска Македонска народна студентска група во 1929 година. Завршува право во Софискиот универзитет и специјалност „Конзулат“ во Слободниот универзитет (сега УНСС). После убиството на Александар Протогеров во текот на 1929 година, Хаци-Кимов издава брошура „Не можеме повеќе да молчиме“, во којашто го критикува Иван Михајлов за братоубиствените војни во ВМРО, а пак самата ВМРО (Обединета), чијшто печатен орган е „Македонско дело“, го критикува Хаџи-Кимов и другите студенти. Иван Ванчо Михајлов пишува во дневникот после средбата со Васил Хаџи-Кимов од 9 септември 1930 година, на којашто дискутирале за Македонската студентска група и федералистите Михаил Шкартов и др. Филип Атанасов:[1]

Младиот х. Кимов не е задоволен од нив. Тој е активен кај момчиња како Мирчо и др. Тој и компанијата се загазиле веќе премногу.
 
Корица на книгата „Македонските Бугари“.

Во текот на 1932 година Васил Хаџи-Кимов е член на групата Македонски народни студенти и соработувал активно на редактираниот од Александар Мартулков весник „Македонско знаме“. Васил Хаџи-Кимов, Антон Југов и Ст. Караџов се определени за шефови на ВМРО (Обединета) за Бугарија на општата конференција од 15-16 април истата година. После општата резолуција на ВМРО (Обединета) и Коминтерната за признавање на македонската нација од 1934 година, Васил Хаџи-Кимов ја напушта организацијата и заедно со Борис Михов го издава весникот „Македонска борба[2], преку којшто се спротивставил на македонизацијата којашто ја сметал за измислена комунистичка идеологија. Ја подготвил книгата „БКП и македонското ослободително движење“ со помошта на Павел Шатев, но таа останала неиздадена. Истата година ја издава книгата „Постои ли македонска нација“, со којашто се спротивстава на историските фалшификации, и пишува писмо („Едно мислење“ под псевдонимот „Македонец“) до бугарскиот министер-претседавач Георги Ќосеиванов, во коешто се застапува за целосното обединување на бугарската нација.[3] Автор е на книгата „Македонските Бугари“.

После поразот на Кралска Југославија од Нацистчка Германија во април 1941 година, се префрлил во Вардарска Македонија, каде што е иницијатор и основач на Бугарскиот централен акционен комитет и последователниот прием на бугарската војска. Избран е за секретар-организатор на комитетот и заедно со доктор Борис Благоев го редактира печатениот орган весник „Македонија“ со директор-издавател Стефан Стефанов. Учествува во воспоставувањето на бугарското управување во областа и работи за заштита на интересите на Бугарите, кои останале во окупираните зони на Македонија од италијанските и германските војски.

После 1944 година Васил Хаџи-Кимов е уапсен од новата југословенска власт и во текот на февруари 1946 година е осуден прво на смрт со стрелање, а потоа казната му е заменета од Врховниот воен суд со 20 години затвор, од коишто отслужува само 11 во Затворот Идризово.

После затворот Хаџи-Кимов живеел во Скопје и работи во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, каде што во 1970 година ја издава „Ретроспективна библиографија на Македонија – книги“ во тираж од 500 броја. Подоцна се преместил во Софија, Бугарија, каде што пишува материјали за отпорот спрема македонизмот во периодот од 1944-1980 година. Таму заклучува, дека се спроведени над 700 политички процеси спрема Бугари, повеќето со смртна казна, а другите 23 илјади души се убиени или исчезнале. 120 илјади вкупно поминале низ затворите на Југославија, а околу 180 илјади се прогонети во Бугарија и во другите земји по светот.[4]

После објавувањето на независноста на Република Македонија се вратил во Ново Село, каде што умира на 20 декември 1992 година. Васил Хаџи-Кимов е автор и на книгите „Сончеви денови“ (Скопје, 1942), „Унче и Димче - Пусто турско“ (Штип, 1964), „Љубовни копнежи“ (Скопје, 1972) и други.[5]

Васил Хаџи-Кимов пишал:

Две, три или повеќе млади генерации не се ништо помалку од долгата низа генерации низ вековите што ги создадоа и зацементираа темелите на бугарската нација во Македонија и со тоа ја обезбедија нејзината бесмртност. Концептот на нација ги вклучува не само помладите генерации на живите, туку и остатокот од сите возрасти кои се чувствуваат чистокрвни Бугари. Концептот за нација ги вклучува мртвите - оние што живееле и се бореле за нашата заедничка земја, Бугарија.

Надворешни препратки уреди

Наводи уреди

  1. Гребенаров, Александар. Легални и тајни организации на македонските бежанци во Бугарија (1918-1947), МНИ, Софија, 2006, стр. 237
  2. Гребенаров, Александар. Легални и тајни организации на македонските бежанци во Бугарија (1918-1947), МНИ, Софија, 2006, стр. 244
  3. „Нација без национални идеали е тело без душа - Васил Хаджикимов“, во-к "Македонија", број 29, 22 јули 1998 г.
  4. Гоцев, Димитър, „НОВАТА НАЦИОНАЛНО-ОСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА Во ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА 1944-1991 г.“, Македонски научен институт, Софија, 1998 г.[мртва врска]
  5. Ива Бурилкова, Цочо Билярски, „Васил Хаджикимов - БКП и македонското ослободително движење