Варење (дигестија) е процес при кој се обработува храната за да таа може да биде искористена од страна на организмот, за задоволување на енергетските потреби на истиот. Постојат три типа на дигестија на храната:

  1. Внатреклеточен. Најтипична внатреклеточна дигестија има кај праживотните: штом хранливата вакуола се полни со храна, таа веднаш започнува да се движи во цитоплазмата, варејќи ја храната. Потоа, таа се ресорбира во цитоплазмата, со што хранливата вакуола се смалува, а недигерираните состојки од храната се исфрлаат надвор. Внатреклеточно варење има и кај сунѓерите, дел од трепчестите црви и кај копривкарите.
  2. Вонклеточен (вонклеточен). Се одликува со појавата на специјално диференцирани клетки кои лачат ензими за варење на храната надвор од самата клетка. Ова е следено со формирање на морфо-физиолошки диференциран канал, во кој се излачуваат ензимите и каде се врши дигерирањето (Гастрална празнина, желудник, цревен канал итн.).
  3. Преоден. Кај овие животни (повеќе без‘рбетници), до одреден степен храната се вари внатреклеточно, а одреден- вонклеточно.
Дигестивен систеем
Податоци
Латинскиsystema digestorium