Ван Аленовиот радијациски појас е торус од енергетски наполнети честички (плазма) околу Земјата, задржан од страна на Земјиното магнетно поле. Оваа поле не е униформно распределено околу Земјата. На сончевата страна, тоа е стеснето поради сончевите ветрови, додека од другата страна е издолжено до околу три Земјини полупречници. Ова предизвикува појавување на т.н. Чапман-Фераро јама, во која лежи Ван Аленовиот појас. Тој е поделен на два различни појаси; надворешниот појас е формиран од електрони, додека внатрешниот е формиран од комбинација на протони и електрони. Исто така, појасите содржат помали количества на други нуклеони, како на пр. алфа-честички. Ван Аленовите појаси се тесно поврзани со поларната аврора, кога честичките влегуваат во горната атмосфера и стануваат флуоресцентни.

Ван Аленовиот радијациски појас

Ван Аленовиот појас е именуван по Џејмс ван Ален, кој е заслужен за неговото откритие.[1] .

Наводи уреди

  1. 'Doughnuts' of radiation ring earth in space“. Victoria Advocate. (Texas). Associated Press. December 28, 1958. стр. 1A.