Ваља Балканска

(Пренасочено од Валја Балканска)

Валја Младенова Балканска (бугарски: Валя Младенова Балканска) (родена на 8 јануари 1942 во селото Арда, Смољанска област) е бугарска народна пејачка од родопската фолклорна област.

Валја Балканска
Животописни податоци
Роден(а)8 јануари 1942
Бугарија село Арда, Бугарија
ЖанровиНародна
ЗанимањаПејачка
ИнструментиВокал
Период на активност1960 - сѐ уште

Животопис уреди

Во нејзиниот репертоар, претставуван во целиот свет, влегуваат песни како "Шар Планина", "Девојко, бално ли ти е", "Триста са пушки пукнали", "Хајдутине се молеха", "А бре, јуначе лудо и младо", "Горо ле, горо зелена", "Мајчинко, стара мајчинко", но најпознатата и изведба е на песната "Излел е Делјо хајдутин". Оваа песна во нејзина изведба е повод за национална радост во Бугарија, откако во 1977 година нејзин запис е вклучен во Златната плоча, испратена во вселената со двата американски вселенски бродови Војаџер, кои во 2004 година ги напуштиле пределите на Сончевиот Систем. Вселенското летало Војаџер 1, било лансирано на 5 септември 1977 година, ја носи плочата со записот на песната "Излел е Делјо хајдутин", испеана од пејачката Валја Балканска.[1]

По повод 60-тата годишнина ѝ за исклучителни достигнувања во областа на певческата уметност, во 2002 година Валја Балканска била наградена со најголемото одликување на Бугарија - орден "Стара планина"[2]. Во 2005 година била номинирана за државната награда "Св. Паисиј Хилендарски". Во декември 2005 година народната пејачка ја добила својата ѕвездена плоча во Бугарското шеталиште на славните[3][4]. За неа ќерката на писателот Николај Хајтов, Елена Хајтова, пишува книгата "Сама меѓу ѕвездите"[5].

Дискографија уреди

  • Глас од вечноста (2004)

Наводи уреди

  1. „Music On Voyager Record“. NASA. Посетено на 2009-02-16.
  2. Български интелектуалци наградени с орден "Стара планина"
  3. „Валя Балканска със звезда на Алеята на славата“. Архивирано од изворникот на 2006-06-22. Посетено на 2011-09-18.
  4. „Галерия снимки от награждаването на Валя Балканска със звезда на Алеята на славата“. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2011-09-18.
  5. "Излезе втора книга на Хайтова за Валя". Архивирано од изворникот на 2007-10-20. Посетено на 2011-09-18.

Надрорешни врски уреди