Валпараисо (шпански: Valparaíso, букв. „Рајска Долина“) — еден од поголемите градови на Чиле, и еден од најважните пристаништа и растежен витален културен центар во јужно тихоокеанската полутопка. Градот е сместен во центарот на Чиле, и е управен центар на истоимениот регион. Сантјаго е престолнина на Чиле, но во Валпараисо е седиштето на националниот конгрес. Изграден на ридови со поглед кон тихоокеанскиот океан, поседува богата архитектурна и културна оставина. Валпараисо е под заштита на УНЕСКО, и често е абривеиран како еден од неалатинските американски најинтригантни урбани области. Но како и повеќето од Чиле, е ранлив на земјотреси, во последниот најсилен земјотрес во 1906 година загинале 3000 луѓе. Во 2003-та Чилеанскиот конгрес го прогласи Валпараисо за Чилеанска културна престолнина и седиште на новото националното културно министерство. Технички погледнато е шести по население град во земјата со 263.982 жители, Но агломерацијата, Велик Валпараисо има 829.143 илјади жители и е втор град во Чиле. Градот изиграл важна геополитичка улога во првата половина на 19-от век, кога служел како главна постојка на бродовите што патувале меѓу Атлантскиот и Тихоокеанскиот (Тихи) Океан. Отсекогаш е магнет на европски имигранти и до неодамна бил познат под името "Мало Сан Франциско" и "Накитот на Тихиот Океан". Сведоштва за поранешната слава на Валпараисо се најстарата Латино Американската Берза. Важен образовен центар со 9 универзитети.

Валпараисо
Valparaíso
Разни знаменитости на Валпараисо
Разни знаменитости на Валпараисо
Знаме
Грб
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Чиле" does not existМестоположба во Чиле
Прекар(и): Драгиот камен на Тихоокеанието, Валпо
Координати (city): 33°03′S 71°37′W / 33.050° ЈГШ; 71.617° ЗГД / -33.050; -71.617
ЗемјаЧиле
РегионВалпараисо
ПокраинјаВалпараисо
Основан1536
Админ. центарВалпараисо
Управа[1]
 • ВидОпштина
 • ГрадоначалникХорхе Кастро Муњос
Површина[2]
 • Градска401,6 км2 (1,551 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2012)[2]
 • Градско284.630
 • Густина71/км2 (180/ми2)
 • Градскo275.141
 • Метро930.220
 • Рурално841
Часовен појасCLT (UTC−4)
 • Лете (ЛСВ)CLST (UTC−3)
Повик. бр.(земја) 56 + (град) 32
Мреж. местоПортал (шпански)

Историја уреди

Заливот на Валпараисо прво бил населен од домородците Чангос. Шпански експлоратори пристигнале во областа во 1536-та, на брод наречен Сантиагвило, испратен од Диего де Алмагро, којшто се смета за прв европски експлоратор на Чиле. Бродот носел луѓе и намирници за Алмагровата експедиција, под команда на Хуан де Сааведра, којшто го крстил градот по неговото родно село Валпараисо де Ариба во Куенка, Шпанија. Во колонијално време, Валпараисо бил мал град. По независноста на Чиле станал главно пристаниште. Како пристаниште примил многу европски имигранти во тоа време. Имигранти од Англија и Германија ги основале првите приватни и секуларни училишта. А архитектурата рефлектирала различни европски стилови. Златниот век на Валпараисо завршил со пуштањето на панамскиот канал (1914).

  1. (шпански) „Municipality of Valparaíso“. Посетено на 2010-11-15.
  2. 2,0 2,1 2,2 (шпански) Instituto Nacional de Estadísticas