Валерио Ањоли

италијански велосипедист

Валерио Ањоли (италијански: Valerio Agnoli; р. 6 јануари 1985) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.

Валерио Ањоли
Лични податоци
Цело имеВалерио Ањоли
Роден6 јануари 1985(1985-01-06)(39 г.)
Алатри, Италија
Висина1,78 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Бахреин Викториус
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови

2004
До. Ва. Педале Фермано
Домина Ваканце (стажант)
Професионални клубови
2005–2006
2007
2008–2012
2013–2016
2017-
Натурино-Сапоре ди Маре
Аурум Хотели
Ликвигас
Астана
Бахреин-Мерида
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 ТТТ етапа (2010)
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2008)
Последна промена
7 јануари 2018

Кариера уреди

Ањоли бил еден од клучните помошници за Ликвигас и често придонесувал во победите на Иван Басо и Винченцо Нибали на Џиро д’Италија. Ањоли имал многу успешна јуниорска и аматерска кариера, освојувајќи победи на многу престижни италијански трки, вклучувајќи ја познатата Џиро дела Луниџана.

Ањоли ја носел белата маичка за најдобар млад возач на Џиро д’Италија 2010, пред да учествува во падот со неговиот колеги Иван Басо и Винченцо Нибали по што ја изгубил маичката.

Ањоли го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Астана на двегодишен договор од сезоната 2013 па натаму.[1]

Достигнувања уреди

2003
1. Краен пласман Џиро дела Линуџана под 19 години
2004
10. Џиро дела Ромања
2005
3. Краен пласман Трка околу езерото Кукунор
1. Етапа 8
2006
5. Сетимана Ломбарда
7. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2008
1. Етапа 1 Вуелта а Еспања (ТТТ)
4. Јапонски куп
2009
3. Меморијал Марко Пантани
7. Јапонски куп
7. Џиро дел Венето
2010
1. Етапа 4 Џиро д’Италија (ТТТ)
9. ГП Мигел Индураин
2011
4. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2012
3. Џиро дела Тоскана
2014
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Краен пласман Трка околу Данска
2015
4. Класика де Алмерија
2016
1. Етапа 1 Џиро дел Трентино (ТТТ)

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 61 32 83 57 39 71 СО 110
  Тур
  Вуелта 110 105 79

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Нибали потпиша двегодишен договор со Астана“. Cycling News. Future Publishing Limited. 2 август 2012. Посетено на 2 август 2012. Нибали ќе поведе двајца од колегите во Ликвигас, Валерио Ањоли и Алесандро Ваноти.

Надворешни врски уреди