Валгаци

село во Гуменџиско, Егејска Македонија

Валгаци или Валгат (Καμποχώρι, Камбохори, катаревуса: Καμποχώριον, Камбохорион, до 1926 година Βαλκάση, Валкаси или Βαλκάτς, Валкац[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Валгаци
Καμποχώρι
Валгаци is located in Грција
Валгаци
Валгаци
Местоположба во областа
Валгаци во рамките на Пајонија (општина)
Валгаци
Местоположба на Валгаци во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°56.44′N 22°33.42′E / 40.94067° СГШ; 22.55700° ИГД / 40.94067; 22.55700Координати: 40°56.44′N 22°33.42′E / 40.94067° СГШ; 22.55700° ИГД / 40.94067; 22.55700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаВалгаци
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно176
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа на 5 км јужно од градот Бојмица.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Валгат (Валгаци) било село в Ениџевардарската каза со 140 жители Македонци.[4][5]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Валгаци (Valgatzi) имало 160 Македонци егзархисти и работело бугарско училиште.[4][6]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Валгатци (Валгат), 21 /III, 12 ч. од Оризарци. 24 македонски[7] егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и малку лозарство. Црнвата нема никакви имоти. Од Патријаршијата откажано пред десетина години пред статуквото. Училиштето (бегова куќа без наем) е двокатно: долу коњушница, горе само училница, без таван, со исподупчено душеме и ѕидови, два прозорца без рамки и стакла.[8]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. В’лгаци (Вългаци) било чифлигарско село со 21 семејство сочинети од 135 жители Македонци и една црква.[4][9]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Валгаци пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани.[10]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. Валгаци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година имало 142 жители кои во 1920 г. се накачиле на 165 лица.[3] Во 1925 г. речиси. сите жители (официјално 147) биле принудени да се иселат во Бугарија.[3] На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[11] Покрај нив имало и сосем мал број лица дојдени од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Камбохори.[12] Во 1928 г. селото имало 336 жители[3] од кои 221 лица (65 семејства) биле дојденци, а останатите македонски староседелци.[13] Во 1940 г. Валгаци имало 310 жители, од кои, според НОФ, само 30 староседелски Македонци.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 310 315 343 268 248 204 171 176
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Личности уреди

  • Андон Георгиев — борец во МОО, четата на Лазар Делев, Зборна партизанска чета на МОО[15]
  • Мице Џамбазов — ръководител на месниот комитет на ВМОРО, затворен во Берскиот затвор по Првата балканска војна[16]

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 55. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
  7. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  8. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
  9. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  10. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
  11. Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50.
  12. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. „16. Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου Καμποχωρίου“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 146. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Бабев, Иван (2013). Помним делата ви. НСА Прес. стр. 243.

Надворешни врски уреди