Вакенски фестивал

Вакенски фестивал (германски: Wacken Open Air) е музички фестивал на музичкиот правец хеви метал, кој за првпат се одржал во 1990 година, а оттогаш се одржува секоја година во првиот викенд на август во Вакен, Шлезвиг-Холштајн. На фестивалот се застапени речиси сите видови на хард-рок и метал.[1] Фестивалот денес е еден од најголемите фестивали на хеви метал во светот, како и еден од најголемите фестивали на отворено во Германија. Во периодот 2011-2018, бројот на учесници бил околу 85.000 луѓе, од кои 75.000 посетители со платени влезници. Во 2018 година фестивалот се одржал од 2-4 август. Во 2019 година, фестивалот е планирано да се одржи од 1-3 август.

Запален череп како симбил на фестивалот

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Metal-Festival-Landkarte – Disctopia Metal Webzine“. Архивирано од изворникот на 2016-08-12. Посетено на 2019-05-11.