Вагрија

дел од Холштајн

Вагрија[1] (германски: Wagrien, Waierland или Wagerland) — североисточниот дел на Холштајн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија, приближно поклопувајќи се со окрузите Плен и Источен Холштајн. Зборот „Вагрија“ е изведен од германската населба Варингер и малку подоцна од западнословенското племе Вагри, што значело „оние што живеат на заливите“. Изгледа дека Вагрите се истите со источногерманското племе Варингер (латински: Варини). Оваа област е историски поврзана со викиншките митови.

Швентине, гранична река на Вагрија

Географија уреди

 
Историска карта на Вагрија (околу 1682-88)

Во средниот век, и како што било покажано на старите карти, Вагрија на север и исток се граничела со Балтичкото Море од Килскиот Фјорд до Либечкиот Залив, а во внатрешноста од реките Швентине и Траве. Денес, Вагрија општо се однесува само на полуостровот Олденбург (Oldenburgische Halbinsel) во Источен Холштајн.

Највисока точка на полуостровот е Бунгсберг со 168 метри н.в., што претставува и највисока точка во целата покраина Шлезвиг-Холштајн.

Историја уреди

Словенското потекло на името, Вагрија, не го означувало само т.н. денешниот полуостров Вагрија, туку целата област помеѓу Килскиот Фјорд, средниот и долниот тек на реката Траве; област со ова име се појавило најрано во VIII век. Замокот Вагрија зафаќа средишна положба во Олденбург во Холштајн (тогаш наречен Старигард); неговите остатоци сè уште постојат. Важни населби во Вагрија биле Олденбург, Стар-Либек и Плен.

Во 1143 година, според силен доказ на современ хроничар, Хелмолд од Бозау, грофот Адолф II ги донел германските доселеници, не само од неговите територии во Холштајн и Штормарн, туку исто така и од Вестфалија и Холандија, со цел да ја развие областа Вагрија.

 
Поглед на највисоката точка на полуостровот, Бунгсберг, над пејзажот во источен Холштајн.

Наводи уреди

  1. Arnold, Benjamin (1991). Princes and territories in medieval Germany, Cambridge University Press, Cambridge and New York, p. 156. ISBN 0-521-52148-3.

Извор уреди

  • Witt, Hermann (1982). 1000 Jahre Wagrien von Luitschaburg bis Lütjenburg. Sönksen Verlag Plön.

54°15′N 10°30′E / 54.250° СГШ; 10.500° ИГД / 54.250; 10.500