Бјелско-Бјала

град во Шлезиското војводство, Полска

Бјелско-Бјала (полски: Bielsko-Biała, германски: Bielitz-Biala, чешки: Bílsko-Bělá, шлески: Biylsko-Biołŏ) – град во Полска во Шлеското Војводство. Според пописот на населението во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.[1] Градот се наоѓа во јужна Полска, на границата на историската Горна Шлеска и Малополска. Бјелско-Бјала се состои од два града на двата брега на реката Бјала. Градовите Бјелско и Бјала биле споени во 1951 година.

Бјелско-Бјала
Bielsko-Biała
Улицата 11 Ноември во Бјелско-Бјала
Знаме на Бјелско-Бјала Bielsko-BiałaГрб на Бјелско-Бјала Bielsko-Biała
Држава Полска
ВојводствоШлеско
Округградски округ
Управа
 • градоначалникЈарослав Климашевски
Површина
 • Градска124,51 км2 (48,07 ми2)
Најг. вис.&100000000000011170000001.117 м
Најм. вис.&10000000000000262000000262 м
Население (2018)
 • Градско171.505
 • Густина1,400/км2 (3,600/ми2)
 • Градскo325.000
 • Метро5.294.000
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код43-300 до 43-382
Повик. бр.(+48) 033
Регистарски табличкиSB
Мреж. местоhttp://www.um.bielsko.pl

Историја уреди

Стариот град Бјелско бил создаден меѓу 12 и 14 век. Овде се преработувала железна руда. Германските доселеници се доселиле во втората половина на 13 век на повик на локалниот војвода. Градот добил градски привилегии во 1312 година. Реката Бјала со векови била граница на Чешка Шлеска (дел Светото Римско Царство) и Полското Кралство. Бјелско ѝ припаѓало на Чешка, и по таа линија од 1526 година им припаднало на Хабсбурговците.

Малото место на другиот брег, Бјала, името го добило во 1584 година. Со време тука се доселуваат протестанти од Бјелско. Статус на град Бјала го добила во 1723 година. Од втората поделба на Полска во 1772 година Бјала ѝ припаѓа на Австрија, односно на крунската земја Галиција.

После Првата светска војна двата града ѝ биле доделени на Полска и покрај фактот што поголемиот дел од населението биле Германци. Во 1945 година градовите ги зазела Црвената армија и германското население било протерано.

Градот Бјелско-Бјала бил формиран на 1 јануари 1951 година. Бјелско-Бјала бил главен град на сопствено војводство во периодот 1975–1998.

Население уреди

Според прелиминарните податоци од пописот, во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.[2]

Стопанство уреди

Денес Бјелско-Бјала е еден од најразвиените градови во Полска, со мала стапка на невработеност (5%). Градот е познат по текстилната индустрија, машиноградбата и автомобилската индустрија.

Партнерски градови уреди

Наводи уреди

  1. „POLAND: Slaskieje“.[мртва врска]
  2. „POLAND: Slaskie“.[мртва врска]

Надворешни врски уреди