Бјелашницапланина во централна Босна и Херцеговина. Се наоѓа југоисточно од Сараево и се граничи со Игман. Највисокиот врв на Бјелашница, по кој целата планина го добила името, е висок 2067 м. Други значајни врвови се Крвавац (2061 м), Мали Влахиња (2055 м) и Хранисава (1964 м). Бјелашница на југ се граничи со Ракитница, Неретва на запад, Игман на североисток и Иван на северозапад. Близината со Сараево (20 минути) ја прави Бјелашница популарна туристичка атракција за планинарење и скијање.

Бјелашница
Ски-центарот на Бјелашница
Највисока точка
Надм. вис.2067 м
Координати43°42′14″N 18°15′25″E / 43.704° СГШ; 18.257° ИГД / 43.704; 18.257
Географија
Бјелашница на карта

Карта

МестоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина
Матичен венецДинариди

Потекло на поимот уреди

Името на планината доаѓа од придавката bijel, што значи "бел".

Геологија уреди

Геолошки, Бјелашница е дел од Динаридите и во голема мера е формирана од секундарни и терцијани седиментни карпи, главно варовник и доломит.

Клима уреди

Убавината на планината ја зголемува ќудливоста на нејзината клима. Таа е резултат на географската положба на Бјелашница во Динаридите, геолошкиот состав и надморската височина. Највисоките делови на Динаридите претставуваат граница на влијанијата на две клими – средоземната и континенталната. Така на Бјелашница се судираат воздушните маси од морето и од планината. Таквиот судир резултира со силни ветрови и дождовни и снежни врнежи во есенскиот период, а во зимскиот до големи количини снег кој се задржува до доцна пролет. Овие климатски специфичност се погодни за развој на зимски спортови.

Средната годишна температура изнесува само 0,7 °C, заради изразито ниските зимски температури. највисоката температура достигнува 24 °C, а најниската -41 °C. Бјелашница во лето е прекриена со зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 м.

Климатски податоци за Бјелашница (1961–1990, екстреми 1897–досега)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 7,5 9,2 9,4 13,8 18,9 22,4 25,3 24,3 21,1 15,9 14,4 8,9 25,3
(nil)
Прос. висока °C (°F) -4,2 -4,3 -2,4 0,8 6,0 9,9 12,3 12,4 9,3 5,1 0,7 -2,6 3,6
Сред. дневна °C (°F) -6,4 -6,4 -4,3 -1,2 3,8 7,2 9,5 9,6 6,8 2,8 -1,5 -4,9 1,2
Прос. ниска °C (°F) -8,8 -8,7 -6,5 -3,1 1,4 4,7 6,7 7,1 4,5 0,6 -3,7 -7,2 -1,1
Најниска забележана °C (°F) -33,6 -30,0 -26,4 -19,0 -11,0 -6,4 -3,8 -3,7 -10,6 -13,7 -22,4 -26,8 -33,6
(nil)
Прос. врнежи мм (ин) 78
(3.07)
83
(3.27)
84
(3.31)
80
(3.15)
88
(3.46)
111
(4.37)
84
(3.31)
99
(3.9)
96
(3.78)
123
(4.84)
110
(4.33)
83
(3.27)
1.119
(44,06)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,1 mm) 14 15 15 16 16 17 13 12 12 12 15 15 171
Прос. релативна влажност (%) 89 92 90 91 85 86 82 80 82 84 86 90 84
Сред. бр. сончеви часови месечно 86,8 82,5 110,5 126,7 162,8 169,8 204,6 218,1 176,7 148,7 97,1 83,3
Извор бр. 1: de:Deutscher Wetterdienst[1][2]
Извор бр. 2: Метереолошки институт на Босна и Херцеговина (екстреми)[3]

Метеоролошка станица уреди

Бјелашница лесно се препознава од далеку по градбите на нејзиниот врв. Откако Австроунгарија ја окупирала Босна и Херцеговина после Берлинскиот конгрес во 1878 година, Австријците речиси веднаш ја инсталирале првата метеоролошка станица на врвот, создавајќи ја првата метеоролошка станица на целиот Балкан. Опремата била заменета во 1894 година со, за тоа време, многу напредна метеоролошка опсерваторија со постојана човечка посада.[4] Станицата сè уште постои и е важна алка во метеоролошките набљудувања на Балканот.

Флора и фауна уреди

До висина од 1900 м, на Бјелашница се наоѓаат шуми и ливади, а над таа висина подрачјето е тревнато со полегната смрека. Највисоките гребени се голи. На Бјелашница живеат волк, мечка, дива свиња, срна, лисица и др.

Зимски олимписки игри 1984 уреди

За време на Зимските олимписки игри во 1984 година, на Бјелашница се одвиваа натпреварите во алпско скијање за мажи. За овозможување на овие игри изградена е потребната инфраструктура, од пристапен пат до ски-лифтови на ски-патеките.[5]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Klimatafel von Bjelasnica (Berg-Obs.) / Bosnien und Herzegowina“ (PDF). Baseline climate means (1961-1990) from stations all over the world (германски). Deutscher Wetterdienst.
  2. „Station 14652 Bjelasnica“. Global station data 1961–1990—Sunshine Duration. Deutscher Wetterdienst.
  3. „Bjelašnica: Record mensili dal 1897“ (италијански). Meteorological Institute of Bosnia and Herzegovina.
  4. Miroslav Prstojevic: Forgotten Sarajevo, p.232,1999, ISBN 9958-9845-1-2
  5. 1984 Winter Olympics official report. pp. 18-23, 107.

Надворешни врски уреди