Бутрос Бутрос-Гали

Бутрос Бутрос-Гали (арапски: بطرس بطرس غالي li; 14 ноември 1922 – 16 февруари 2016) — египетски политичар и дипломат, поранешен генерален секретар на ООН.

Бутрос Бутрос-Гали
بطرس بطرس غالي
Роден 14 ноември 1922
Каиро, Египет
Починал 16 февруари 2016
Занимање Генерален секретар на ООН

Бутрос Гали е роден на 14 ноември 1922 година во Каиро, Египет. Тој произлегува од видно коптско семејство. Неговиот дедо, со исто име, кон почетокот на XX век бил премиер на Египет.

На функцијата генерален секретар на ООН бил од 1992 до 1996 година. Во текот на неговиот мандат, организацијата се соочила со финансиски недостатоци. Бил критикуван за провалот кој се случил за спречување на геноцидот во Руанда во 1994 година.

Тој бил првиот секретар на ООН кој не бил избран по вторпат на истата функција. Бутрос Бутрос-Гали бил наследен од страна на Кофи Анан.