Бурша (грчки: Κορυφή, Корифи; до 1927 г. Μπόρσα, Борса[2])— село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 70 жители (2011).

Бурша
Κορυφή
Бурша is located in Грција
Бурша
Бурша
Местоположба во областа
Бурша во рамките на Горуша (општина)
Бурша
Местоположба на Бурша во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°12′N 21°14′E / 40.200° СГШ; 21.233° ИГД / 40.200; 21.233
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000920000000920 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно70
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото е оддалечено околу 20 км југозападно од гратчето Лапчишта, во близина на реката Праморица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 920 м. Крај селото минува патот кој води за Коница и Јанина.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Бурша уште од постаро време било населено со Грци и во етнички поглед до ден денес нема претрпено промени.[3]

Во XIX век Бурша било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бухорино живееле 400 Грци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бурша (Burcha) има 415 Грци.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Бурша живееле 470 Грци христијани.[6]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 577 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 479,[3] веројатно како последица од војните. Во 1928 г. населението на Бурша броело 498.[3]

Во 1951 г. е срушен стариот храм „Св. Ѓорѓи“ од 1857 година, и одновно изграден.[7]

Стопанство уреди

Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Насиление уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 469 416 338 207 195 208 108 70
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Borsa -- Koryfi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-16.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 334.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-07-16.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.226-227.
  6. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  7. 7,0 7,1 „Ιεροί Ναοί του Αγίου Γεωργίου στο Βόιο“. Архивирано од изворникот на 2015-01-04.
  8. „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Архивирано од изворникот на 2015-01-03.
  9. „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Архивирано од изворникот на 2015-01-04.