Бура од мечеви (изворно на англиски: A Storm of Swords) е третиот од седумте планирани романи во „Песна на мраз и оган“, фантазискиот серијал на американскиот автор Џорџ Р. Р. Мартин. Првпат бил објавен на 8 август 2000 година, во Обединетото Кралство,[1] со издание во Соединетите Држави во ноември 2000 година. На нејзиното објавување и претходел роман наречен Пат на змејот, кој собира дел од поглавјата Денерис Таргариен од романот во единствена книга.

Бура од мечеви
АвторЏорџ Р. Р. Мартин
Audio read byРој Дотрис
Изработувач на
корицата
Стивен Јоул
ЗемјаСоединетите Држави
Јазиканглиски
СеријалПесна за мраз и оган
ЖанрФантастика
Објавена8 август 2000 (Voyager Books/Обединетото кралство и Bantam Spectra/Соединетите Држави)
Страници973
НаградаНаграда Локус за најдобар фантазиски роман (2001)
ISBN0-553-10663-5 (US Hardback)
ISBN 0-00-224586-8 (UK Hardback)
OCLC44676135
813/.54 21
Клас. КБPS3563.A7239 S7 2000
ПретходнаСудир на кралеви 
СледнаГозба на врани 

Во моментот на објавување, „Бура од мечеви“ бил најдолгиот роман во серијалот. Толку бил долг што во Обединетото Кралство, Ирска, Австралија и Израел, нејзиното хартиено издание било поделено на половина, а првиот дел бил објавен како Челик и снег во јуни 2001 година (со еднотомна корица) и вториот дел како Крв и злато во август 2001 година (со специјално нарачана нова корица). Истата поделба се користела во полските и грчките изданија. Во Франција била донесена одлука романот да се пресече во четири одделни тома.

„Бура од мечеви“ ја освоил наградата „Локус“ во 2001 година,[2] наградата Гефен во 2002 година за најдобар роман и бил номиниран за наградата „Небула“ во 2001 година за најдобар роман. Тоа бил првиот роман во серијалот кој бил номиниран за наградата Хуго, една од двете најпрестижни награди во издаваштвото на научна фантастика и фантастика, иако изгуби од романот на J.К. Роулинг, Хари Потер и Пламениот пехар.[3]

Издавачката куќа Меиша Мерлин, која претходно издала ограничени, илустрирани изданија на „Игра на тронови“ и „Судир на кралеви“, планирала да издаде слична верзија за „Бура од мечеви“ во два тома; сепак, продолжените доцнења во објавувањето на „Судир на кралеви“ ги натерале да ги загубат своите права за издавање, кои ги презел Subterranena Press. Ова издание, илустрирано од Чарлс Вес, било објавено во летото 2006 година.

Бура од мечеви е исто така и името на второто проширување на друштвената игра „Игра на Тронови“, објавено во јули 2006 година. Приближно првата половина од романот била адаптирана за телевизија како трета сезона на емисијата Игра на Тронови на HBO,[4] додека втората половина станала основа за четвртата сезона од серијата,[5] и некои елементи за петтата сезона од серијалот.

Резиме на заплетот уреди

Бура од мечеви ја продолжува приказната малку пред крајот на неговиот претходник, Судир на кралеви. Седумте кралства од Вестерос сè уште се вовлечени во Војната на Петте кралеви,[6] при што Џофри Баратеон и неговиот вујко Станис Баратеон се натпреваруваат за Железниот престол, додека Роб Старк од Северот и Бејлон Грејџој од Железните Острови ја прогласуваат нивната независност (братот на Станис, Ренли Баратон, петтиот „крал“, веќе е убиен). Во меѓувреме, голем број на дивтари, племиња надвор од северната граница на Седумте кралства, се приближуваат кон Ѕидот што ја обележува границата, под водство на Менс Рајдер, самопрогласениот „крал преку Ѕидот“, со само малобројната Ноќна Стража од спротива. Конечно, Денерис Таргариен, ќерка на соборениот поранешен крал на Вестерос и „мајка“ на единствените живи змејови во светот, плови западно, планирајќи да го врати престолот на нејзиниот починат татко.

Во Седумте Кралства уреди

Речните земји уреди

Во замокот на нејзиниот татко Рекотек, мајката на Роб Кејтлин Старк го ослободува заробениот Џејми Ланистер, чичко на Џофри (и, тајно, татко), со цел да обезбеди ослободување нејзините ќерки, Санса и Арја, за кои Кејтлин верува дека се држени како заложнички од страна на Ланистерови во главниот град, Кралебран . Џејми е испратен на југ, придружуван од Бриен од Тарт. Војската на Роб се враќа во Рекотек, откако ги победила војските на Ланистер западно, а Роб открива дека се оженил со Џејн Вестерлинг, кршејќи го ветувањето дека ќе биде во брак со ќерка од Куќата Фреј. Овие активности ги отуѓуваат и разлутуваат некои сојузници на Роб, ослабувајќи ја неговата воена позиција.

Џејми и Бриен се заробени од платеници кои работат за Рус Болтон, кој номинално е сојузник на Роб, но тајно заговара да го намести, за да стане управник на Северот. Платеникот командант Варго Хоат му ја отсекува раката за мечување на Џејми. Бриен е фрлена во јама со мечка од страна на Хоат, а Џејми го ризикува сопствениот живот за да ја спаси. Болтон ги ослободува Џејми и Бриен и тие патуваат во Кралебран.

Арја Старк, патувајќи во Речните земји, е заробена од „Братство без транспаренти“: дружина што ги брани селаните на Речните земји, предводена од лордот Берек Дондарион и црвениот свештеник Торос од Мир . Групата го заробува Сандор „Загарот“ Клиган, поранешен телохранител на Џофри и му нуди судење во борба за неговите злосторства. Загарот го убива Берек, но Торос го воскреснува со моќта на огнениот бог Р'лор . Загарот ја киднапира Арја и бега со неа, планирајќи да ја даде за откуп.

Со цел да се врати на север за да го одбрани регионот од нападите на Грејџој, на Роб му треба поддршка од Фрејевите. Фрејевите предложуваат свадба помеѓу братот на Кејтлин, Едмир Тали, кој сега е господар на Речните земји и една од ќерките на лордот Валдер Фреј, за да надомести што Роб го прекршил договорот за брак. На свадбената прослава, Болтонови и Фрејови се нафрлаат на Старкови, масакрирајќи ги потчинетите на Роб. Роб е убиен од Рус Болтон, додека грлото на Кејтлин е исечено и нејзиното тело е фрлено во реката; Едмир го чуваат како заложник. Овие настани стануваат познати како „Црвената свадба“.

Арја и Загарот се сведоци на масакрот и бегаат. Подоцна, Загарот е ранет во еден судир, а Арја го напушта. Таа со брод плови до Слободниот град Бравос, каде атентаторот Џакн Х'гар и рекол дека може да го најде.

Во епилогот, вратената во живот, но распадната и осакатена Кејтлин го предводи Братството без транспаренти и таа го надгледува линчувањето на двајца од Фреји, кои биле присутни на Црвената свадба.

Кралебран, Змејската карпа и Високото гнездо уреди

Шверцерот кој станал витез, Давос Сиворт, се обидува да ја убие советничката на Стенис, Мелисандра, волшебничка и свештеничка на Р'лор, обвинувајќи ја за поразот на Стенис во неговиот претходен напад врз Кралебран. Давос е затворен за предавство, но по наредба на Мелисандра, Стенис го ослободува Давос и го назначува за „Рака на кралот“. Мелисандра ја користи крвта на Едрик Сторм, копилен син на починатиот брат на Стенис, кралот Роберт, за да ги проколне тројцата сопернички Кралеви. Смртта на Бејлон Грејџој е објавена набргу потоа.

Кралебран ги поздравува новите сојузници на Ланистерови, Тајрелови, како ослободители, а кралот Џофри го трга на страна своето веренство со Санса Старк во корист на Марџори Тајрел. Дедото на Јофри, Тајвин Ланистер, Раката на кралот, ја принудува Санса да се омажи со неговиот џуџест син Тирион, што ќе им овозможи на Ланистерови контрола врз Северот; но Тирион одбива да ја изврши првата брачна ноќ против нејзината волја.

Свадбата на Мерџори и Џофри се одржува според планираното, но за време на свадбената гозба, Џофри е отруен и умира. Тирион е обвинет за убиството од страна на неговата сестра Серсеј, мајката на Џофри и е уапсен. Санса го бега од замокот со помош на лордот Питер „Мал прст“ Бејлиш, кој и ја признава својата вина за смртта на Џофри, инкриминирајќи ја и бабата на Марџори, Олена. Мал прс и Санса го напуштаат Кралебран упатени кон Високото гнездо, дом на сестрата на Кејтлин, Лајса Ерин.

Откако ќе умрат Бејлон, Роб и Џофри, како што предвидела Мелисандра, Давос го шверцувал Едрик на безбедно за да ги спречи Мелисандра и Стенис да го жртвуваат за моќта во неговата крв. Давос го открива барањето од страна на Ноќната стража за помош против Менс Рејдер; Стенис се подготвува да го ликвидира Давос за предавство, но се предомислува откако Давос ја покажува молбата на Ноќната стража.

Шефот на шпионската служба Варис и љубовничката на Тирион, Шеј сведочат лажно против Тирион на неговото судење. Принцот Оберин Мартел, од јужниот регион Дорн, нуди да го претставува Тирион на судењето со борба против шампионот на Серсеј , Грегор Клиган, кој бил одговорен за смртта на сестрата на Оберин, Елија. Оберин скоро победува, но на крајот е убиен од Грегор, иако отровот на копјето на Оберин го остава Грегор да умре во агонија. Тирион е осуден на смртна казна.

Кога се вратил во Кралебран, Џејми и дава меч на Бриен прекован од наследниот меч на семејството Старк и ја испраќа да ги најде Арја и Санса и да ги врати дома. Џејми одбива да верува дека Тирион го убил Џофри и му помага на Варис да го ослободи Тирион од затвор. Џејми открива дека првата сопруга на Тирион, Тиша, која Тајвин групно ја силувал со неговиот гарнизон, не била проститутка како што му кажал Тајвин, и искрено го сакала Тирион. Навреден, Тирион се заколнува за одмазда кон Џејми, Серсеј и Тајвин; за време на неговото бегство, тој ги убива и Шеј и Тајвин пред да избега од Вестерос.

На Високото гнездо, Санса е маскирана како нелегитимна ќерка на Мал прст, а Мал прст и Лајса се венчаваат. Лајса открива дека Мал прст ја убедил да го отруе нејзиниот починат сопруг Џон, и да ја прикачи вината врз Ланистерови, што било зачеток за настаните во „Игра на тронови“. Лајса се заканува дека ќе ја убие Санса, мислејќи дека се обидува да го заведе Мал прст, но Мал прст интервенира и, откако открил дека отсекогаш ја сакал само Кејтлин, смртно ја турка во бездна Лајса.

Северот уреди

Одредот на Ноќната стража под лордот командант Џеор Мормонт се нападнати од немртви суштевства и Остантите, непријателски нечовечки суштества од далечниот север. Стражата претрпува многу жртви, иако помошникот Семвел Тарли убива еден од Останатите сечило од опсидијан. Наскоро, некои од Стражата се бунтуваат и го убиваат Мормонт, но Сем бега со помош на дивата девојка, Гили. Сем, Гили и гилиевото новороденче пристапуваат до Ѕидот, со помош на чудна фигура која јава елен, кого Сем нарекува Студени раце. Меѓу загинатите има најголем дел од високото раководство на Стражата.

Братот на Роб, Бран и неговите пријатели, кои го избегнале нападот на Болтонови врз старковиот замок Зимопад, се предводени на север преку соништата на Бран за врана со три очи. Кај Ѕидот, Сем ги води кон „Ладни раце“ и се враќа во седиштето на „Ноќната стража“ во Црниот замок, заколнувајќи се да ја чува преживувачката тајна на Бран дури и од Џон Сноу, копилето-брат на Бран и семовите колеги чувари.

Џон, во мисија да се инфилтрира кај дивјаците, го убедува Менс дека е дезертер од Ноќната стража и дознава дека Останатите ги гонат дивјаците јужно кон Ѕидот. Џон и неговиот заробител Игрит, исто така, започнуваат сексуална врска. Откако го преминал Ѕидот, Џон бега од дивјаците и се враќа во Црниот замок. Дивјачката војска која се приближува го напаѓа Црниот замок; но Џон ја презема командата на одбраната и одвратува неколку напади, за време на кои Игрит е убиена. После тоа, преживеаните водачи на Стражата, Јанос Слинт и Алисие Торн, лажно го обвинуваат Џон за предавство и го испраќаат на северно од Ѕидот за да го убие Менс под изговор за преговори. Додека Џон разговара со Менс во дивјачкиот логор, пристигнува војската на Стенис, обиколувајќи ги дивјаците, а Менс е затворен. Стенис нуди да го легитимира Џон и да го направи Господар на Зимопад во замена за неговата поддршка, но Џон одлучува да ја одбие понудата на Стенис и е избран од страна на Ноќната стража за нов врховен командант.

Робовладетелскиот Залив уреди

Денерис Таргариен дознава дека големи робовски војски може да се купат во Астапор, еден од градовите на Робовладетелскиот Залив, и ја купува целата постава на воините- евнуси Недопрените, нудејќи еден од нејзините новородени змејови во замена. По исплатата, Денерис им наредува на Недопрените и на змејот да се нафрлат на трговците со робови и да го пљачкосаат градот. Со помош на нејзините зрели змејови, таа ги ослободува сите робови на Астапор, вклучително и Недопрените. Војската на Денерис ТаргариенДенерис потоа го освојува робовалдетелскиот град Јункај; но господарите од соседниот град Мерин се спротивставуваат на Денерис ТаргариенДенерис убивајќи деца робови и горејќи ја земјата за да и негираат ресурси. Како резултат на тоа, Денерис го опсадува градот без никаква корист.

Денерис открива двајца предавници во нејзиниот логор: Сер Џора Мормонт, кој ја шпионирал за починатиот крал Роберт, и Сер Баристен Селми, понижениот поранешен врховен командант на Кралската стража на кралот Роберт. Денерис им нуди на двајцата можност да се исправат притајувајќи се во Мерин за да ги ослободат робовите и да започнат востание. Мерин наскоро паѓа и како одмазда за убиените робови, Денерис ги убива владетелите во градот. Селми бара прошка од Денерис и станува врховен командант на Стражата на Кралицата, додека Џора, која одбива да признае какво било злосторство, е протеран. Кога Денерис ќе дознае дека советот што го оставила да управува со Астапор е соборен, таа одлучува да остане во Мерин и сама да го владее.

Ликови уреди

Приказната е раскажана низ очите на десет главни ликови, плус еднократени пролог и епилог на ликовите од прво лице, со вкупно 12 раскажувачи.

  • Пролог: Чет, брат и чувар на пците на Ноќната стража;
  • Џејми Ланистер, Кралоубиецот, и Господар командант на Кралската гарда. Заточен од Старкови;
  • Џон Сноу, копилен син на Едард Старк, заколнат брат на Ноќната стража;
  • Кејтлин Старк, од Куќата Тали, вдовица на лордот Едвард Старк, мајка на Роб Старк;
  • Тирион Ланистер, најмладиот син на Тајвин Ланистер, џуџе, брат на Џејми и Серсеј Ланистер;
  • Санса Старк, најстарата ќерка на Едард и Кејтлин Старк;
  • Арја Старк, најмладата ќерка на Едард и Кејтлин Старк;
  • Бран Старк, син на Едард и Кејтлин Старк, наследник на Зимопад и Северот;
  • Семвел Тарли, кукавичкиот син на лорд Рендил Тарли, заколнат брат на Ноќната стража;
  • Давос Сиворт, шверцер кој станал витез во служба на кралот Станин Баратеон;
  • Денерис Таргариен, прогонета кралица на Вестерос, од династијата Таргариен;
  • Епилог: Мерет Фреј, член на широкото семејство Фреј.

Развој уреди

На 6 октомври 2009 година, Мартин на својот блог забележал дека неговиот ракопис за „Бура од мечеви“ имал 1521 страници;[7] почетното испечатено тврдокорично издание било со 992 страници.[8] Мартин не ги напишал поглавјата на Црвената свадба сè додека не ги завршил сите други поглавја од книгата, бидејќи сметал дека тоа е „најтешкото нешто што сум го напишал“ и дека повеќе би сакал да го одложи пишувањето сè додека не биде неопходно. Спротивно на тоа, тој се осврна на поглавјето за фаталната венчавка на Џофри како „лесна и забавна за пишување“, но дека тој сепак се обидел да внесе емпатија за болното загинување на овој многу непопуларен лик и „да си донесе дома поентата дека и ова било човечко суштество кое било исплашено и преплашено, а потоа мртво“.[9]

Изданија уреди

Изданија на странски јазик

  • Бугарски: Бард: „Вихър от Мечове“
  • Каталонски: Alfaguara: "Tempesta d'espases" „Бура од мечеви“
  • Кинески: 重庆 出版社 (2007): „冰雨 的 风暴“ („Невреме од замрзнувачкиот дожд“).
  • Чешки: Talpress: „Bouře mečů“ („Бура од мечеви“)
  • Дански: Gyldendal: „En Storm af Sværd“ („Бура од мечеви“)
  • Холандски: Luitingh-Sijthoff: „Een storm van zwaarden“ („Бура од мечеви“)
  • Естонски: Два тома, тврдокорично издание, Варак (2010, 2011): Varrak (2010, 2011): "Mõõkade maru. Teras ja lumi" (Бура од мечеви: Челик и снег“), "Mõõkade maru. Veri ja kuld" („Бура од мечеви: Крв и злато“)
  • Фински: Kirjava: "Miekkamyrsky" („Мечева бура“)
  • Француски: Четири тома (тврдкорично издание: Pygmalion (2001, 2002, 2003); обична книга: J'ai Lu (2003, 2004)): "Les brigands" (тврдкорично издание) / „Intrigues à Port-Réal“ (обична книга), „L'épée de feu", „Les Noces Pourpres“, „La loi du Régicide“ („Разбојниците/интригите воКралебран“, „Огнениот меч“, „Црвената свадба“, „Законот на кралоубиецот“).
  • Германски: единечен том, Fantasy Productions (2005): „Schwertgewitter“ („Бурен меч“). Два тома, Blanvalet (2001, 2002): „Sturm der Schwerter“, „Die Königin der Drachen“ („Бура од мечеви“, „Кралицата на змејовите“).
  • Грчки: Два тома, Anubis: „Παγωμένες Λεπίδες“, „Ματωμένο Χρυσάφι“ („Замрзнати сечила“, „Крваво злато“)
  • Хебрејски: „סופת החרבות חלק א - פלדה ושלג, סופת החרבות חלק ב - דם וזהב“ („Бура од мечеви - Ќелик и снег“, „Бура од мечеви - Крв и злато“)
  • Унгарски: Александра Конивкјадо: „Kardok vihara“ („Бура од мечеви“)
  • Индонезиски: Fantasious: „Amukan Baja“ („Челична бес“)
  • Италијански: Три тома, Арнолдо Мондадори Едиторе (2002, 2003, 2004): „Tempesta di spade“, „I fiumi della guerra“, „Il Portale delle Tenebre“ („Бура од мечеви“, „Реките на војната“) „Порта на темнината“).
  • Јапонски: Три тома, тврдкорично издание : Хајакава (2006-7), обична книга : Хајакава (2012): „剣 嵐 の 大地“ („Земјата на бурниот меч“) I, II и III
  • Корејски: Eun Haeng Namu Publishing Co. : "성검 의 폭풍" ("Бура од свети мечеви")
  • Литвански: Alma Littera „Kardų audra“ („Бура од мечеви“).
  • Норвешки: Два тома, Vendetta (2013): „Stål og snø: en sang om is og ild, bok 3, del 1“, „Blod og Gull: en sang om is og ild, bok 3, del 2“ („Челик и снег: Песна на мраз и оган, книга 3, дел 1, Крв и злато: песна на мраз и оган, книга 3, дел 2)“
  • Полски: Два тома, Zysk i S-ka: „Nawałnica mieczy:Stal i Śnieg (I)“, „Nawałnica mieczy: Krew i Złoto(II)“ (Бура од мечеви: челик и снег “, „Бура од мечеви: Крв и злато")
  • Бразилско-португалски: Leya: „A Tormenta de Espadas“ („Бура од мечеви“)
  • Португалски (Европски): Два тома, Saída de Emergência: „A Tormenta de Espadas“ („Бура од мечеви“), „A Glória dos Traidores“ („Слава на предавникот“)
  • Романски: Nemira: „ureșul săbiilor“
  • Руски: АSТ: „Буря мечей“ („Бура од мечеви“).
  • Српски: Два тома, Лагуна: „Олуја мачева Део први: Челик и снег“ (Бура од мечеви Прв дел: „Челик и снег“), „Олуја мачева Део други: Крв и Злато“ (Бура од мечеви Втор дел: „Крв и злато“)
  • Словенечки: Vihra mečev („Бура од мечеви“)
  • Шпански: Два тома, Gilgamesh (2005): „Tormenta de espadas I“, „Tormenta de espadas II“ („Бура од мечеви I“, „Бура од мечеви II“).
  • Шведски: Forum: „Svärdets makt“ („Моќта на мечот“)
  • Турски: Два тома, Epsilon Yayınevi: „Buz ve Ateşin Şarkısı III: Kılıçların Fırtınası - Kısım I & Kılıçların Fırtınası - Kısım II“ („Бура од мечеви“)
  • Украински: KM Publishing (2015): „Буря мечів“ („Бура од мечеви“)
  • Виетнамски: Три тома: „Trò Chơi Vương Quyền 3A: Sự trở lại của Ngoại nhân“, „Trò Chơi Vương Quyền 3B: Nước mắt Sói Tuyết“, „Trò Chơi Vương Quyền 3C: Tử Hôn“. („Игра на тронови 3А: Враќање на Останатите“, „Игра на тронови 3Б: солзи на свирепиот волк“, "Игра на тронови 3С: Виолетова свадба")

Прием уреди

Publishers Weekly соопштиле дека третиот том е „еден од позаслужните примери на гигантизам во современата фантастика. [. . . ] Сложеноста на ликовите како Денерис, Арја и Кралоубиецот ќе ги натера читателите да вртат дури и огромен број страници содржани во овој том, за авторот, како Толкин или Џордан, нè тера да се грижиме за нивните судбини. Овие две одлични фантазии се повикуваат и од можноста на Мартин да пренесе вакви сензуални искуства како што се топлината на шумски пожар, студот на мразот, мирисот на морето и чистата огромната непростливост на средновековниот банкет на највисоко ниво. Можеби оваа сага не оди подалеку од претходните граници на високата фантастика, како што тврдат некои, но за повеќето читатели тоа сигурно оди доволно далеку за да го задржи нивното внимание.”[10]

Мартин бил номиниран за Наградата Хуго за најдобар роман во 2001 година, но загуби од Џ. К. Роулинг за Хари Потер и Пламениот Пехар.[2][3] Потоа, тој искоментирал за своите обожаватели: „Изеди си го срцето, Роулинг. Можеби имате милијарди долари и мојот Хуго, но немате читатели како овие.“[11]

Награди и номинации уреди

  • Награда Хуго - најдобар роман (номиниран) - (2001)[2]
  • Награда Локус - Најдобар роман (фантазија) (освоена) - (2001)
  • Награда Небула - најдобар роман (номиниран) - (2001)
  • Награда Гефен - најдобра книга за фантастика (освоена) - (2002)
  • Награда Игнотус - Најдобар роман (странски) (освоен) - (2006)

Наводи уреди

  1. Miller, Faren (ноември 2000). „Locu Online Reviews: A Storm of Swords (August 2000)“. Locus (magazine). Архивирано од изворникот на 9 јули 2013. Посетено на 25 мај 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 „2001 Award Winners & Nominees“. Worlds Without End. Архивирано од изворникот на 25 февруари 2012. Посетено на 25 мај 2020.
  3. 3,0 3,1 „2001 Hugo Awards“. The Hugo Awards. 3 септември 2001. Архивирано од изворникот на 19 април 2012. Посетено на 2 јуни 2020.
  4. Martin, George R. R. (11 април 2012). „Season Three“. Архивирано од изворникот на 14 април 2012. Посетено на 25 мај 2020.
  5. Elavsky, Cindy (19 јануари 2014). „Celebrity Extra“. King Features. Архивирано од изворникот на 2 август 2017. Посетено на 25 мај 2020.
  6. War of the Five Kings Архивирано на 7 ноември 2014. at A Wiki of Ice and Fire westeros.org, Посетено на 25 мај 2020
  7. Martin, George R. R. (6 октомври 2009). „Not A Blog: Dance, Dance, Dance“. GRRM.Livejournal.com (Author's LiveJournal blog). Архивирано од изворникот на 28 декември 2009. Посетено на 2 јуни 2020.
  8. Product Details: A Storm of Swords (2000). Amazon.com. ISBN 0553106635.
  9. „The Citadel: So Spake Martin - To Be Continued (Chicago, IL; May 6–8)“. Westeros.org. 2005-05-06. Архивирано од изворникот на 2017-12-10. Посетено на 2011-10-13.
  10. „Fiction review: A Storm of Swords. publishersweekly.com. October 30, 2000. Архивирано од изворникот на February 9, 2013. Посетено на 2012-02-13.
  11. Brotherhood Without Banners Retrieved December 25, 2014

Надворешни врски уреди