Бунарџик

село во Општина Илинден

Бунарџик — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.

Бунарџик
Бунарџик во рамките на Македонија
Бунарџик
Местоположба на Бунарџик во Македонија
Бунарџик на карта

Карта

Координати 41°59′35″N 21°37′0″E / 41.99306° СГШ; 21.61667° ИГД / 41.99306; 21.61667
Општина Илиден
Население 411 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25022
Бунарџик на општинската карта

Атарот на Бунарџик во рамките на општината

Географија и местоположба уреди

Бунарџик се наоѓа на левата страна од автопатот Е - 75 - Скопје - Куманово, 10 км источно од главниот град Скопје. географска локација: Илинден, Скопје, Македонија, Европа Географски координати: 41 ° 59 '36 "North, 21 ° 37' 1" Исток

Местото има соодветна раскрсница на автопатот со врска во двете насоки. Автопатот е паралелен на железничката пруга Скопје - Куманово. Во местото Миладиновци на 500 м од локацијата има железничка станица. Аеродромот Петровец е сместен на 3 км оддалеченост од локацијата.

 
Бунарџик, поглед од црквата Свети Спас

Историја уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Емир Ханли со христијанско население, каде имало 13 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 98 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 400 жители.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бунарџик живееле 75 жители, сите Македонци[4].[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарџик имало 85 Македонци[4], под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 124 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Стопанство уреди

Technological Industrial Development Zone "Bunardzik"-Технолошка индустриска развојна зона "Бунарџик"

Население уреди

 
Семејство од Бунарџик, 1913 година.
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948281—    
1953339+20.6%
1961333−1.8%
1971255−23.4%
1981281+10.2%
ГодинаНас.±%
1991346+23.1%
1994334−3.5%
2002352+5.4%
2021411+16.8%

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 352 жители, од кои 349 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 411 жители, од кои 351 Македонец, 10 Срби, 8 останати и 42 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 85 281 339 333 255 281 346 334 352 411
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови уреди

Бунарџик e македонско село.

Според истражувањата од 1961 година, родови во Бунарџик се:

  • Доселеници: Златановци (11 к.) доселени се од селото Дивле, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1961 година) Ристо-Златан, основачот на родот кој се доселил; Чадлевци (5 к.) доселени се однекаде; Коњарци или Филиповци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари; Качаровци (5 к.) и Роглевци (3 к.) доселени се од селото Инџиково; Петковци (4 к.), Анѓелковци (2 к.), Пешевци (4 к.) и Ивковци (5 к.) доселени се од селото Ајватовци, подалечно потекло непознато; Бојан (1 к.), Тодор (1 к.), Младен (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се во 1953 година од селото Црноштица кај Босилеград (Србија). Останатите родови во селото живеат од турско време.[15]

Општествени установи уреди

Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.

 
Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.
 
Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

ФК Бунарџик. Во овој клуб својата кариера ја има почнато Горан Христовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. 4,0 4,1 Македонците биле забележани како Бугари.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  7. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.

Надворешни врски уреди