Бунарче

село во Општина Кавадарци

Бунарче — село во Општина Кавадарци, југоисточно од градот Кавадарци.

Бунарче
Бунарче во рамките на Македонија
Бунарче
Местоположба на Бунарче во Македонија
Бунарче на карта

Карта

Координати 41°20′12″N 22°04′53″E / 41.33667° СГШ; 22.08139° ИГД / 41.33667; 22.08139Координати: 41°20′12″N 22°04′53″E / 41.33667° СГШ; 22.08139° ИГД / 41.33667; 22.08139
Регион  Вардарски
Општина Кавадарци
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 567 м
Бунарче на општинската карта

Атарот на Бунарче во рамките на општината
Бунарче на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948121—    
1953119−1.7%
196167−43.7%
197124−64.2%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
19916—    
19944−33.3%
20022−50.0%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бунарче живееле 332 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарче имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат само 2 жители, Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 332 224 121 119 67 24 0 6 4 2 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови уреди

Бунарче е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:

  • Доселеници: Трпковци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско во Меглен; Филиповци (1 к.) доселени се од селото Барово; Кочовци (3 к.) доселени се од селото Вешје; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Миновци (3 к.) доселени се од селото Страгово; Прдиновци (1 к.), Биџовци (1 к.), Гоцомановци (1 к.), Грижовци (1 к.), Џамбазовци (1 к.) и Думовци-Терзијовци (2 к.) сите избегале од селото Зборско во Меглен во 1916 година, сите родови прво се разбегале по другите села, па потоа се собрале овде; Петковци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Страгово, таму се доселиле од селото Сирково во 1917 година, а во Сирково од селото Тушин во Меглен.[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.

Надворешни врски уреди