Булоњска шума (фр. Bois de Boulogne) — парк кој се наоѓа долж западната страна на XVI округ на Париз, близу до предградието Булоњ-Бијанкур.

Горното езеро

Булоњската шума покрива површина од 8.459 км2 (3.266 квадратни километри, or 2,090 акри), што е 2.5 пати пошироко од Централ Парк во Њујорк, и 3.3 пати пошироко од Хајд Парк во Лондон.

Историја уреди

 
Bois de Boulogne

Шумата за првпат се споменува во пишан документ во 717 година. Шилдерик II ова земјиште и го дал на моќната Опатијата Сен-Дени, која основала голем број на манастири на ова подрачје. Филип Августус од свештениците на Сен-Дени го откупил поголемиот дел од земјата за да изгради ловиште. Во 1256 Изабела од Франција, сестрата на Свети Луј, го основала Лонгшам.

Во тек на Стогодишната војна, шумата била престојувалиште на крадци. Во 1416-1417 Војводата од Бургундија изгорел дел од шумата. Под власт на Луј XI, земјиштето, сега наречено Булоњска шума, одново било пошумено и низ него биле изградени два пата.

 
Jardin d'Acclimatation

Подоцна Франсоа I во Булоњската шума го изградил Мадридскиот замок (завршен во 1526). Ловиштето било оградено со ѕидови за време на Анри II со осум порти за време на Анри IIIод Франција. Анри IV посадил 15000 дрва од типот црница, со надеж дека ќе поттикне развој на свилена индустрија. Неговата жена со која се развел, Маргарита од Валоа се повлекла во нејзиниот замок Шато-де-ла-Миет. Пилатр де Розие и маркизот од Арланд го извеле својот прв успешен лет со балон дизајниран од страна на браќата Монголфjе.

 
Едуар Мане: Трка во Булоњската шума (1872)

Во Шумата Грофот од Артоа, братот на Луј XVIго изградил замокот Шато де Багател. Местото било претворено во парк од страна на Наполеон III во 1852,[1] Биле создадени горното и долното езеро, поврзани со водопад. Помеѓу 1855 и 1858, бил изграден хиподромот Лонгшан на падината со истото име.

Булоњската шума официјално станува дел од Париз во 1929 и е дел од XVI округ.

Првата мото-трка (Парискиот Куп) тука се одржала после Втората светска војна.

Notes уреди

  1. J. M. Chapman and Brian Chapman , The Life and Times of Baron Haussmann: Paris in the Second Empire (Weidenfeld & Nicholson) 1957:89.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Координати: 48°51′53″N 2°15′03″E / 48.86472° СГШ; 2.25083° ИГД / 48.86472; 2.25083