Брусилова офанзива

(Пренасочено од Брусиловата офанзива)

Брусиловата офанзива била најголемата руска победа во тек на Првата светска војна. Тоа била голема офанзива на Царската Русија против Централните сили, која започнала на 4 јуни во 1916 година и траела до 20 септември 1916 година. Се одиграла во денашната Украина, во Галиција во близина на градовите Лавов, Луцк и Ковел. Резултатот на офанзивата било заземање на Галиција и Буковина од страна на руската војска. Офанзивата го добила името според рускиот командант на југозападниот дел на Источниот фронт, Алексеј Брусилов. Офанзивата ја скршила австроунгарската војска, а западните сојузници ги спасила од германскиот притисок на Западниот фронт.[1]

Брусиловата офанзива
Дел од Источен фронт (Прва светска војна
Алексеј Брусилов
Датум 4 јуни – 20 септември 1916
Место Галиција
Исход Победа на руските сили
Завојувани страни
 Руско Царство  Австроунгарија
 Германско Царство
 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Руско Царство Алексеј Брусилов Австроунгарија Конрад фон Хецендорф
Австроунгарија Јозеф Фердинанд

Германско Царство Александар фон Линзинген
Германско Царство Ерих фон Фалкенхајн

Жртви и загуби
вкупно: 500,000–1,000,000 жртви вкупно: 962,000–1,337,000 жртви

Причини уреди

Франција ја повикала Русија да премине во офанзива на источниот фронт за да се попречи силниот притисок на германската војска во Битката кај Верден. Русите позитивно одговориле на тоа барање со Битката кај езерото Нароч во подрачјето Вилнус. Офанзиваата завршила катастрофално за Русите. Во таа офанзива руските загуби биле за пет пати поголеми од загубите на Германците. Британската офанзива на Сома во лето 1916година била нерешителна, па западните сојизници имале потреба од сврување на германското внимание кон Источниот фронт. Генералот Алексеј Брусилов направил план за масовна офанзива на југозападниот дел на фронтот против австроунгарските сили во Галиција. Главната цел било ослабување на германскиот притисок вез францусите и британските сили во Франција и обид Австроунгарија да се исфрли од војната.

Рускиот план уреди

Командантот на руската западна армијска група, генералот Алексеј Еверт му се спротивставил на планот на Брусилов зашто сметал дека за руската војска дефанзивната стратегија повеќе одговара. Планот на офанзивата лично го одобрил Николај II.

Подготовки уреди

Западните сојузници од Русите барале брза интервенција. Брусилов ја собрал Четвртата армија со вкупно 40 пешадиски и 15 коњанички дивизии. австроунгарска војска имала 39 пешадиски и 10 коњанички дивизии во одбранбената линија која се состоела од три реда. Русите успеале да се доближат на 100 метри до австроунгарските линии, а понекаде дири и на 75 метри. Брусилов подготвил ненадеен напад фронтот со должина од 500 километара. Рускиот генералштаб од Брусилова побарал да го скуси фронтот на нападот за да овозможи поголема концентрација на руските сили. Брусилов инсистирал на својот план, кој најнакрај и го реализирал.

Пробој уреди

Руската војска ја започнала офанзивата на 4 јуни со масивен, прецизен и кус баражен артилериски оган врз австроунгарските линии. Клучното било што огнот бил кус и прецизен, што се разликувало од тотогашните начини на артилериски напади, а што им овозможувало на бранителите да довлечат резервни сили и да ги испразнат предните ровови. Почетниот напад бил успешен и австроунгарските линии биле пробиени, тоа овозможило напредување на Третата и Четвртата армија на Брусилов напредување во широк фронт. Брусилов вовел иновација, таканаречениот ударне шок на силата, со кои биле нападнати слабите точки на Австроунгарците. На тој начин главната армија, можела да го искористи пробојот на три точки.[2] Брусиловата тактичка иновација била слична на тактиката што подоцна ја користеле Германците на западниот фронт чоја подоцна ја користеле Германците Западниот фронт, тнр. инфилтрационата тактика или Хутјеровата тактика.

Битката уреди

Веќе на 8 јуни 1916 година руската војска го зазела Луцк. Австрискиот надвојвода Јозеф Фердинанд едвај успеал да избега од градот пред навлегувањето на Русите. Самото тоа покажува колку брз и прецизен бил нападот. Додека Австроунгарците се повлекувале Русите заробиле 200.000 нивни војници. Меѓутоа силите на Брусилов станале премногу растегнати, па тој му дал до знаење на Еверт дека понатамошниот успех зависи од тоа дали Еверт ќе тргне во офанзива со останатите сили. Еверт продолжил да одолговлекува, што на германската главна команда ѝ дало доволно време да допреми нови сили на Источниот фронт.

 
Руската коњаница во напад (1916 година)

Кога паднал градот Луцк шефот на германскиот генералштаб Ерих фон Фалкенхајн го убедил австрискиот фелдмаршал Конрад фон Хецендорф да ја префрли војската од италијанскиот фронт, за да се спротивстават на Русите во Галиција. Генералот Паул фон Хинденбург успеал брзо да ги префрли трупите поради дибрите железнички пруги во Германија. Рускиот генерал Еверт слаба и лошо подготвна офанзива започнал дири на 18 јуни. Александер фон Линзинген на 24 јули извршил противнапад јужно од Ковел. Брусилов на 28 јули продолжил со офанзивата. Иако неговата војска не била добро опремена и слабо стоела со залихи успеал да се пробие до Карпати на 20 септември 1916 година. Руската висока команда започнала да испраќа војска од фронтот на Еверт во помош на Брусилов. Брусилов се спротивставил на ова. Сите сили кои биле вклучени во офанзивата биле исцрпени, така што офанзиваата потполно запрела кон крајот на септември.[3] Потоа руската војска морала да ѝ помага на Романија, која била прегазрна од австроунгарската и германската војска

Резултат и последици уреди

Операција била успешна во основната цел. Германија морала да ги запре нападите кај Верден и да префрли значителни сили на Источниот фронт. Со оваа ифанзива Австроунгарија загубила највеќе зашто само во таа акција загубила околу 1,5 милиона људи (вклучувајќи 400.000 заробрни). По таа офанзив австроунгарска војска до крајот на војната веќе не била способна да изврши успешен напад, туку морала да се потпира на германската војска. Раниот успех на офанзива ја охрабрил Романија да влезе во војна на страна на сојузниците, но со катастрофални последици за неа.

И руските загуби биле големи, околу пола милион мртви. Брусиловата офанзива била врв на рускиите напори во Првата светска војна. Претставувала добар пример за добро водење и плнирање на војната од страна на руската варска армија. По офанзивата започнала да опаѓа делотворноста на руската армија поради влошување на економската и политичкара ситуација во Русија. Операцијата претставувала значително подобрување во руската тактика. Брусилов користел мали, специјализирани единици, ефикасни во напаѓање на слабите точки во непријателските рововски линии. Тие единици создавале дупки, кои би ѝ овозможиле на руската војска да продре низ така создадени отвори. Таква „тактика на шокот“, била значителен напредок во однос на дотогашните тактики на „човечки бранови“, кои се користеле во тек на Прва светска војна. Подоцна Германците ја презеле тактиката и на сличен начин се бореле на Западниот фронт во 1918 година. Западните сојузници исто така ја презеле таа тактика. Тактиката на шикот имала важна улога и во раните германски операции на почеток на Втората свeтска војна.

Наводи уреди

  1. http://1914ww.ru/sobyt/1900sob/1916brusil.php
  2. Tucker, Spencer The Great War: 1914-18 (1998)
  3. Брусилов А. А. Мои воспоминания. — М.: Воениздат, 1983. стр 183 - 199.