Брег на Принцот Олав

брег на Антарктикот

Брег на Принцот Олав (норвешки: Kronprins Olav Kyst, англиски: Prince Olav Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот. Се наоѓа помеѓу источниот пристап кон заливот Лицов-Холм, обележан со брежниот агол 40° ИГД и ледникот Шинан (44° 38' ИГД).

БПО во рамките на Антарктик
БПО
Местоположба на брегот

Откриен е од капетанот Јалмар Рисер-Ларсен во јануари 1930 г. со авионски прелет од бродот „Норвегија“ и наречен по идниот крал Олав V.[1] На запад од него се наоѓа Брегот на Принцот Харалд.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Prince Olav Coast (Prince Ulaf Coast), Queen Maud Land, Eastern Antarctica, Antarctica“. mindat.org..

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Брег на Принцот Олав“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

68°30′S 42°30′E / 68.500° ЈГШ; 42.500° ИГД / -68.500; 42.500