Бранко Ѓорчев (Неготино, 23 јуни 1962Скопје, 24 февруари 2013) — македонски театарски и филмски глумец. Бил директор на Драмски театар - Скопје во периодот од 2006 до 2013 година.

Бранко Ѓорчев
Роден 23 јуни 1962
Неготино, НР Македонија СР Македонија
Починал 24 февруари 2013(2013-02-24) (возр. 50)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонија може
Погрешно време
Каца
Трст виа Скопје
Од денес за утре
Досие-К
Занимање глумец
Татко Ацо Ѓорчев

Животопис уреди

Ѓорчев е роден на 23 јуни 1962 година во Неготино. Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како глумец во Драмски театар Скопје. Починал по тешка борба со ракот на 24 февруари 2013 во Скопје.[1] Смрттта го затекнала како актуелен директор на Драмски театар Скопје.

Општествени функции уреди

  • Директор на Драмски театар од 2006,
  • 2000 – 2002, Уметнички директор на Драмски театар, Скопје, Р Македонија
  • 2000 до 2002, Основач на Културен центар Квартет, Скопје,
  • 1997, Основач и директор на театар Бабилон, Скопје
  • 1997, Член на Советот на Македонскиот театарски фестивал ” Војдан Чернодрински”- Прилеп,
  • Член на Совет на Млад Отворен Театар, Скопје,
  • Член на уметнички совет на Драмски театар, Скопје, Р Македонија,
  • Член на театарски совет на Драмски театар Скопје, Р Македонија,
  • Почесен член на клубот на оратори при Правен факултет ”Јустинијан Втори” при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје , Р Македонија.
  • Демонстратор и предавач на Правен факултет по реторика и ораторство во рамките на предметот Римско право, кај професор Мими Поленак, Правен факултет “Јустинијан Втори”, Универзитет ” Кирил и Методиј”, Скопје Професор по Сценски говор, Реторика и Ораторство на ЕСРА Филмска Академија Скопје.
  • Предстедател и член на комисиј аза образование и култура при оптшина Аеродром – Скопје

Творештво уреди

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Бранко Ѓорчев
Год. Назив Улога
1980-ти
1984-1987 Случки од животот ТВ-серија Илчо
1987 Трст виа Скопје ТВ-серија /
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм Огнен
1987 Пикасо ТВ-филм Газдата
1988 Марика лета со авион ТВ-филм
1988 Тврдокорни ТВ-серија
1989 Мугра ТВ-филм
1989-1993 Еурека ТВ-серија
1990-ти
1991 Македонија може ТВ-филм /
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Новинарот
1995 Во светот на бајките ТВ-серија /
1998 Салон Хармони ТВ-серија Синиша
1998 Денес, утре ТВ-филм Боро
1999 Каца ТВ-филм Ване
2000-ти
2000 Мајка Тереза ТВ-филм
2000, Писмо ТВ-филм
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Страчковски
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија /
2002 Вампирџија ТВ-филм Ангеле
2002 Заведени ТВ-серија Тони
2002 Подгревање на вчерашниот ручек ТВ-филм
2003 Време за плачење ТВ-филм Петар
2003 Волци ТВ-филм
2003 Остани исправен ТВ-филм
2006 Американецот ТВ-филм
2007 Стапица ТВ-филм Петре
2007 Досие-К ТВ-филм Мирко Коваќ
2010-ти
2010 Од денес за утре ТВ-серија Џон
2010 1001 ден ТВ-филм
2010 Пилот ТВ-филм
2014 До балчак ТВ-филм Втор трговец

Награди уреди

  • „Златна маска“ за најдобро глумечко остварување на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Мефисто во претставата `Мефисто`, Вечер, 2000;
  • Наградата за најдобар глумец за 1990 во Македонија, за улогата на Фред во претставата `Спасени`, ревија `Екран` 1990.
  • Награда за епизодна машка улога "Димче Трајковски" 2009
  • Св.Климент Охридски“ за 2012 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Наводи уреди

  1. „Почина глумецот Бранко Ѓорчев“. Курир. 24 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-26. Посетено на 2013-02-24.

Надворешни врски уреди