Браила (романски: Brăila, грчки: Μπράιλα, турски: İbrail) — град во источниот дел на Романија и административен центар на округот Браила, во историскиот регион на Мунтенија. Областа зафаќа површина од 77.9 км2.

Браила
Ansamblul 'Piata Traian, centrul vechi al orasului Braila..jpg


Местоположба на градот на картата на Романија
Местоположба на градот на картата на Романија
Координати: 45°16′09.1″N 27°57′26.9″E / 45.269194° СГШ; 27.957472° ИГД / 45.269194; 27.957472
Земја Романија
ОкругБраила
СтатусСедиште на округ
Површина
 • Вкупна77,9 км2 (301 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011 census)[1]
 • Вкупно180,302
 • Густина2.314/км2 (5,990/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код810xxx
Повик. бр.(+40) 239
Рег. таб.BR
Мреж. местоprimariabraila.ro

Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 180.302 лица[1], што го прави единаесетти најнаселен град во Романија.

Историја уреди

Антички период уреди

 
Поштенска марка од 1900-тите години.
 
Браила во почетокот на 20 век.

Во регионот на Браила биле пронајдени траги на живот уште од времето на неолитот. Според романските историчари, во периодот околу 4 век п.н.е. во околината се наоѓача гетска населба кои одржувале врски со Грците.

Средновековен период уреди

Браила е старо село, сместено на левиот брег на реката Дунав. Пред 14 век, селото најверојатно било населено од страна на мали трговци и рибари[2]. Во 1241 година селото било освоено од страна на Монголците[2].

За првпат неговото име се среќава во стар географски патен шпански опис како „Libro del conocimiento“ во 1350 година, како и во неколку каталански карти (Angellino de Dalorto (1325), Angelino Dulcert (1339)). Во 1368 бил споменат како „Брајла“ во транзитна дозвола на брашовските трговци која била издадена од страна на Владислав I[3]. Во 1463 година византискиот историчар Лаоник Халкокондил запишал дека Браила е „град на романизирани Дакијци, во кој трговијата е поразвиена отколку во останатите градови на земјата“.

Во помеѓу 1538-1540 година градот бил освоен од страна на Османлиите, во времето на Сулејман I. Во текот на османлиското време на владеење на градот, тој бил нарекуван како Ибра. Во 1554 година добил статус на каза[4], која каза постела до крајот на Руско-турската војна (1828-1829), кога бил потпишан договорот од Одрин, според кој Браила станала дел од Влашка. Бидејќи се наоѓал на северниот дел од Отоманското Царство, околу градот Османлиите изградиле ѕидини[4].

Современ период уреди

Својата златна доба градот ја доживеал во почетокот на XX век, кога неговото пристаниште претставувало важен премин за увоз и извоз на стоки од Романија. Улиците започнале да се асфалтираат, биле ставени улични фенери, била отворена воена болница итн. Во 1836 година, градот официјално добил статус на град.

Градот е тесно поврзан со историјата на Бугарија и нејзините национално-ослободителни борби. Во Браила било создадено Бугарското книжевно друштво, кое подоцна било преименувано во Бугарска академија на науките.

Население уреди

Демографија уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1900 58.392—    
1912 65,053−99.9%
1930 68,347+5.1%
1948 95,514+39.7%
1956 102,5+7.3%
1966 138,802+35.4%
1977 194,633+40.2%
1992 234,11+20.3%
2002 216,292−7.6%
2011 180,302−16.6%
[5][6]

Етнички групи уреди

Знаменитости уреди

Во стариот центар на градот има многу згради од 19 век, некои од нив целосно обновени. Најважните споменици се грчката црква Св. Архангел Михаил и Габриел изградена во 1865 година од страна на грчката заедница, џамијата изградена во османлиско време, црквата Св. Никола изградена во 19 век, театарот Марија Филоти, Домот на културата и музеј на уметноста, Националниот историски музеј.

Сообраќај уреди

Браила ја има една од најстарите електрични трамвајски линии во Романија, која била отворена на крајот од 19 век и сè уште е во употреба. Автобускиот превоз во градот е под управа на Градското собрание во соработка со компанијата Braicar.

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Population at 20 October 2011“ (романски). INSSE. 5 July 2013. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 5 July 2013.
  2. 2,0 2,1 Rădvan, p.248
  3. Rădvan, p.250
  4. 4,0 4,1 Rădvan, p.255
  5. A Handbook of Roumania
  6. Encyclopædia Britannica Eleventh Edition

Надворешни врски уреди

  • Laurenţiu Rădvan, At Europe's Borders: Medieval Towns in the Romanian Principalities, Brill, 2010, ISBN 9789004180109