Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко - 1998, Скопје) — македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател.[1]

Бошко Смаќоски

Животопис уреди

Бошко Смаќоски е роден на 18 септември 1938 година, во селото Модрич. Завршил гимназија во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите, се вработил како новинар во Радио Скопје. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[2]

Творештво уреди

Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн. Тој е автор на следниве дела:[3]

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

Исто така, тој е автор на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.

Награди уреди

Бошко Смаќоски е добитник на наградите:[5]

Исто така, за збирката „Еден багрем и четири деца“ ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра детска книга на годината, заедно со романотДружината братско стебло“ од Јован Стрезовски. Во 1966 година, за романот за деца „Големи и мали“ ја добил првата награда на конкурсот на „Детска радост“.[6]

Наводи уреди

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2009, стр. 232.
  2. „Куса биографија - Бошко Смаќоски“, во: Бошко Смаќоски, Големи и мали. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2016, стр. 149.
  3. „Куса биографија - Бошко Смаќоски“, во: Бошко Смаќоски, Големи и мали. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2016, стр. 149.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 69-72.
  5. „Куса биографија - Бошко Смаќоски“, во: Бошко Смаќоски, Големи и мали. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2016, стр. 150.
  6. Бошко Смаќоски, Големи и мали, Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, Скопје, 1966.

Надворешни врски уреди