Бочварство[1] – традиционален занает за изработка на бочви.

Бочвар

Постапка на изработка уреди

Вообичаено бочвите се изработуваат од дабово дрво (може да се користи и багрем или црница) и се користат за зреење на вино, па и ракија. Бочварскиот занает бара познавање на анатомијата на дрвото, потекло на дрвото (од која област е и на какво земјиште растело – влажно или суво, и на која надморска висина). Пред самиот чин на изработка му претходи внимателен избор на дрвото од кое ќе се прави бочвата. Постапката почнува со цепење на трупците дабово дрво по надолжните линии, потоа режење на летви со одредена дебелина, сушење на отворено најмалку 18 месеци. Потоа следи обработување на летвите од внатрешна и надворешна страна, одредување на аголот на штиците според обемот во литри, и на крајот виткање, жлебење, составување на жлебовите, потоа поставување на обрачите и полирање како завршна работа.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди