Борис Џонсон

британски политичар

Александер Борис де Фефел Џонсон (на англиски: Alexander Boris de Pfeffel Johnson; роден на 19 јуни 1964 година во Њујорк), попознат како Борис Џонсон (на англиски: Boris Johnson) — британски политичар и писател кој во јули 2019 година станал премиер на Обединетото Кралство, како и лидер на Конзервативната партија. Пред да стане премиер и лидер на конзервативците, Џонсон бил шеф на дипломатијата на Обединетото Кралство од 2016 до 2018 година. Претходно, од 2008 до 2016 година Џонсон бил градоначалник на Лондон. Од 2001 до 2008 година тој бил пратеник во парламентот на Обединетото Кралство на изборната единица Хенли, а од 2015 година е пратеник на изборната единица Аксбриџ и Јужен Руислип. Џонсон се истакнал во кампањата за напуштање на Европската унија (Брегзит) за време на референдумот во Обединетото Кралство во 2016 година.

Официјален портрет на Борис Џонсон како премиер на Обединетото Кралство, 2019 г.

Надворешни врски уреди